• Latest

Влијанието на пандемијата врз човековите права – главна тема на омбудсманите на Северна Македонија, Албанија и Косово

May 27, 2021

Трамп најавува дека САД ќе одржат нуклеарни разговори со Иран следната недела

June 26, 2025

Приведен поранешен претседател на Воениот синдикат на Србија за планирање насилна промена на Уставот

June 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC7 News Bay Area

Новите советници за вакцини на РФК, меѓу кои има и антиваксери, ќе одлучуваат кој американци треба да се вакцинираат и кога

June 26, 2025
Фотографија: Совет на Европа

Зеленски во Советот на Европа потпиша договор за формирање на специјален суд за Украина

June 26, 2025
Војо Маневски

Од ситно жито нема дебела погача

June 26, 2025
мобинг

РЕАКЦИИ: „Ако не си со нив, си против нив“

June 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
UATV English

Експлозии во Москва, воведени ограничувања на аеродромите откако руските власти пријавија напад со дронови

June 26, 2025

Фон дер Лајен ги повика унгарските власти да ја повлечат забраната за „Парадата на гордоста“ во Будимпешта

June 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Пратенички прашања денеска во Собранието

June 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Мировните посредници во Газа ги интензивираат напорите за прекин на огнот

June 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Влијанието на пандемијата врз човековите права – главна тема на омбудсманите на Северна Македонија, Албанија и Косово

May 27, 2021 15:25
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата и нејзиното влијание врз човековите слободи и права во Севена Македонија, Албанија и Косово била главната тема на средбата на омбудсманите на трите држави, Насер Зибери, Еринда Баланца и Наим Ќељај.

„Омбудсманите се согласија дека минатата година беше тешка, пред сè од здравствен аспект и дека владите повеќе внимание посветија на заштитата на здравјето на граѓаните, за чија цел донесоа голем број на одлуки, кои на некој начин влијаеа врз слободите и правата, како што е полицискиот час кој ја ограничуваше слободата на движење. Отежнато работеа и голем број на институции и комисии, што директно влијаеше на остварувањето на правата на граѓаните, пред сè на таканаречените ранливи категории на лица-оние кои се во социјален ризик“, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Омбдусманот Зибери ги информирал своите колеги за предизвиците со кои со соочила Институцијата во 2020 година, а кои се опфатени во неодамна објавениот Годишен извештај. Како посериозен предизвик, изминатата година, народниот правобранител ја потенцирал наставата од далечина – онлајн наставата, која предизвикала потешкотии во образовниот процес, особено на лицата/децата со посебни потреби, кои се појавија заради ваквиот тип на настава. Народниот правобранител се задржал и на проблемите со кои се соочуваа корисниците на социјалната помош.

„Се надевам дека до крајот на годината нема да бидеме исправени пред нови предизвици и дека наскоро сите ќе се вратиме во нормалните текови, и дека институциите ќе почнат да работат со полн капацитет. Ова го навестува и бројот на претставките во нашата Институција, споредено со истиот период лани кој покажува тренд на благ пораст“, рече, по средбата, народниот правобранител Насер Зибери.

Зборувајќи за целта на состанокот, тој истакна „се надевам дека во иднина ќе се зајакне соработката, со чести средби на сите омбудсмани од регионот, од причина што помалку или повеќе сите се соочуваат со истите проблеми“.

„Сметам дека сите ние во наредниот период треба да работиме на зајакнување на капацитетите, како и на поголема финансиска независност. Разменета на искуствата и добрите практики помеѓу омбудсманите ќе ни биде од голема корист“, изјави Зибери.

Според омбудсманот на Република Албанија, Еринда Баланца, ваквите средби одат во правец на поцврста соработка, која има за цел подигнување на степенот на заштитата на правата на граѓаните.

„Среќни сме што сме тука, што по поголема пауза организиравме состанок на главните институции за заштита на човековите права во нашите три земји. Во сите три земји од кои доаѓаме, треба многу да се стори за да се подигне степенот на заштита на овие права, па затоа свесни за овој факт, не се собравме за службен туризам, туку за да координираме еден договор кој ќе им помогне на нашите институции во Северна Македонија, Косово и Албанија да се потпрат една на друга, да се надомести неможноста на едната со искуството на другата, со што ќе им се даде на нашите граѓани еден подобар стандард за поднесување (упатување) на нивните жалби против работата на нашите власти“, изјави по средбата Еринда Баланца.

Народниот правобранител на Република Косово, г. Наим Ќељај се осврна на досегашната соработка помеѓу институциите, потенцирајќи дека регионот дели слични проблеми кога станува збор за правата на граѓаните.

„Ние веќе воспоставивме традиција на соработка помеѓу трите институции. И оваа средба има за цел да продолжи во овој дух со цел да дадеме натамошен придонес кон нашата заедничка работа. Преминувајќи низ целата ситуација на пандемијата и соочени со многу предизвици, сфативме дека соработката и солидарноста се двата главни столба во општеството. Од оваа посета излеговме со неколку предлози за тоа како ќе продолжиме да ја интензивираме нашата заедничка работа. Исто така, ја искористивме средбата за да му честитаме лично на г. Насер Зибери за преземањето на функцијата Народен правобранител и да му посакаме успех во неговиот мандат“, рече г. Ќељај.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ