• Latest

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025 08:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Најавеното преземање на Стопанска банка Битола од српската Алта Банка, според анализата на Љубомир Костовски за медиумската платформа на ЦИВИЛ, претставува дел од поширока стратегија на Белград за политичко и економско влијание во регионот, во духот на т.н. „буразерски“ договори од 90-тите. Анализата е објавена и на англиски јазик во CIVIL Today.

Се работи за стратешко позиционирање. По влезот на српски Телеком, влегувањето на Алта Банка сигнализира обид на Србија за долгорочен уплив во македонската економија и оттргнување од западниот финансиски круг.

Оваа афера не е без политички контроверзии. ДУИ ја обвинува ВРЕДИ дека наместо да формира „албанска банка“ според ветувањето, овозможила влез на „српскиот свет“ во банкарскиот сектор. Според нив, не станува збор за финансиска инвестиција, туку за политички и економски проект на Белград.

Интересни се, колку што се и неизбежни, партиските релации во оваа сторија. Можното назначување на Маја Кадиевска Војновиќ, ќерка на поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен заменик-гувернер на НБРСМ, води кон заклучокот дека оваа операција се спроведува со цел партијата на власт да добие своја – послушна – банка, што ќе ѝ овозможи поголема контрола и тајност во финансиските трансакции.

Сопственичката структура е мошне индикативна. Засега Алта Банка располага со 4,97% од акциите, а понатамошното преземање е условено со регулаторни одобренија во Северна Македонија и Србија. Други акционери се американската Тинолекс, српски компании и наследени удели од СФРЈ.

Алта Банка е мала српска банка со само 0,3% пазарно учество, со историја на загуби и сомнителни приватизациски трансакции, но со скок на акциите во последно време, веројатно со цел да се подобри рејтингот пред преземањето на битолската банка.

Преземањето отвора прашања за политичко влијание на Србија, можности за перење капитал и оддалечување на Северна Македонија од евроатлантската економска интеграција. Авторот на анализата, Костовски, верува дека ВМРО-ДПМНЕ со ова добива алатка за контрола на финансиските текови.

Ова е повеќе од скандал. Станува збор за многу повеќе од банкарска зделка. Се работи за стратешко приближување на ВМРО-ДПМНЕ кон српските политичко-економски интереси, со што партијата добива можност за целосна контрола врз една финансиска институција, но истовремено ја зголемува зависноста на земјата од Белград.

Подготви: Џ. Дерала


Прочитајте го оригиналниот текст од Љубомир Костовски:

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

Tags: Алта БанкаВМРО-ДПМНЕсрпски светСтопанска банка Битола
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ