• Latest

ВМРО-ДПМНЕ од следната недела официјално ќе собира потписи против попис, од СДСМ велат – попис ќе има

January 28, 2021

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ од следната недела официјално ќе собира потписи против попис, од СДСМ велат – попис ќе има

January 28, 2021 09:45
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

Од следната недела ќе стартува иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање на граѓански потписи за укинување на Законот за попис, најави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, Александар Николоски.

Николоски, при гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, кажа дека правната процедура е веќе започната, а овие денови ќе биде објавен датумот од кога ќе почнат да се собираат потписите за кои рокот е 30 дена. Минималната бројка, како што изјави тој, е 10.000 потписи меѓутоа тој очекува дека бројката на потписи ќе достигне 100.000.

Тој посочи дека земјава одамна е држава на проценти, а не држава на граѓани, како и дека постои политички договор за проценти помеѓу СДСМ и ДУИ, кој сам по себе, како што рече, е штетен, затоа што ќе предизвика нереални бројки и ќе ја однесе државата во погрешен правец.

– Има јасен политички договор за пописот, тој се гледа и е помеѓу СДСМ и ДУИ, за жал во Македонија пописот одамна не е статистичка операција туку е политичка операција, особено по Охридскиот рамковен договор, кога Македонија стана држава на проценти, а не држава на граѓани кои што живеат тука, изјави Николоски.

Од СДСМ велат дека Република Северна Македонија не е држава на проценти како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку држава на еднакви, рамноправни граѓани.

„Пописот на населението, што ќе се одржи напролет е клучна статистичка операција, со која, по речиси две децении во државата, ќе се приберат релевантни податоци за планирање натамошен социо-економски развој.Јавноста е сведок дека како и секогаш кога се случуваат клучни работи во државата ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го политизира пописот, за своите партиски агенди“, соопштија од СДСМ.

Според партијата, најавите за собирање потписи против пописот покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон. А нов предлог закон може да поднесе секој пратеник во Собранието, вклучувајќи ги и тие од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од друга страна со повиците за бојкотирање на пописот, опозицијата ги поттикнува граѓаните на прекршување на законите. ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски не сакаат ова земја да успее, а колку се способни да организираат попис, покажаа во 2011 година со неуспешниот обид за попис. Нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени. Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди и по критериумите на Евростат, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните и на државата“, додаваат од СДСМ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ