Револтирани група доктори за утре најавуваат дека инспекциска контрола ќе ја посети Граската општа болница „8 Септември“, поради, како што велат катастрофата што им се случува на пациентите што неврохируршки се оперираат.
Ваквиот повик на инспекција произлегува од фактот што самата болница нема одделение за неврохирургија, а се примаат пациенти.
Во моментот работи само д-р Слободан Дамјановски, како што вели изворот на ЦИВИЛ Медиа, без асистенти и простории и без болнички оддел.
Во моментот, во болницата лежат четири оперирани пациенти, по други оддели, а пет пациенти немаат медицинска историја (анамнеза) и не се оперирани.
Како што известува изворот, меѓу докторот Дамјановски и колегите доаѓа до конфликт, па сѐ се сведува на импровизација.
Според информациите кои ги дава нашиот извор, ваквото однесување е поради искористување на скапо платената неврохируршка опрема купена во време на претходниот директор д-р Сашо Стојчев, а во штета на пациентите.
Овие информации се проследени и до други медиуми, а со цел да се актуелизира проблемот јавно со надеж дека нешто ќе се преземе за законско работење во здравството.
Б.Ј.