Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, е домаќин на премиерот на Албанија, Еди Рама и вицепремиерот на Северна Македонија, задолжен за европски прашања, Никола Димитров.
Вучиќ, Рама и Заев се иницијатори на иницијативата „Отворен Балкан“, која првично беше наречена „Мини Шенген“.
Од започнувањето на иницијативата, воведено е слободно движење на граѓани со лична карта меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија.
Потпишан е договор за соработка во спречување и отстранување на последиците од природни непогоди, како и договори за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во земјите од Западен Балкан, како и Меморандум за разбирање и соработка за слободен пристап до пазарот на трудот.
Како дел од иницијативата, беше договорено ,од 1 јануари 2023 година. да бидат укинати граничните контроли меѓу Србија, Северна Македонија и Албанија
Се планира и постепено создавање заеднички пазар за 12 милиони луѓе, колку што имаат овие три земји заедно, односно да се создаде „единствена економска зона“.
На новата рунда средби во рамките на „Отворениот Балкан“ на претседателот Александар Вучиќ со премиерот Еди Рама и вицепремиерот Никола Димитров ќе и претходи средба со претставници на компании од Србија, Албанија и Северна Македонија.
На состанокот на иницијативата „Отворен Балкан“ овојпат ќе се приклучат и претставници на невладината организација Атлантски совет.
Вучиќ синоќа , беше домаќин на работната вечера на премиерот на Албанија, Еди Рама и на вицепремиерот на Северна Македонија, Никола Димитров, со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
На средбата присуствуваше и премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, на кого му беше понудено и Црнагора да се приклучи кон оваа регионална иницијатива, пренесува Слободен печaт.












