• Latest

Во Хрватска успешен бојкотот на продавниците, граѓаните потрошиле 16,5 милиони евра помалку од претходно

February 1, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Хрватска успешен бојкотот на продавниците, граѓаните потрошиле 16,5 милиони евра помалку од претходно

February 1, 2025 08:13
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Прометот во трговијата на мало во Хрватска, вчера  до 15 часот паднал за 42 отсто, а бројот на издадени фактури е намален за 31 отсто во однос на петокот, 17 јануари, покажуваат податоците на хрватската Даночна управа.

Пад е забележан и на ниво на сите дејности, каде износот на фактурите за истиот период е помал за 23%, додека бројот на фактури е намален за 21% во однос на петокот пред две недели.

Ова е резултат на општиот бојкот што го повика платформата „Хало, инспекторе“. Поради високите цени беше одржан еднодневен бојкот на сите продавници, а потрошувачите вчера беа повикани да се воздржат од секакво купување.

Според Индекс. хр, Хрватските граѓани  вчера  потрошиле 16,5 милиони евра помалку од пред бојкотот. Од таа бројка, дури 14,4 милиони евра се однесуваат на продажба на мало.

Вчера започна еднонеделен бојкот на малопродажните синџири, Лидл, Еуроспин и ДМ и три производи – Кока-Кола и други газирани пијалоци, флаширана вода и детергент за садови.

Пред две недели, корисници на социјалните мрежи во Хрватска масовно споделуваа пораки преку кои повикуваа на бојкот на  трговските синџири в петок, 24 јануари, поради високите цени на производите.

Податоците покажуваат дека потрошувачките цени во Хрватска, мерени според HICP, во декември 2024 година пораснале за 4,5 проценти во споредба со истиот месец од претходната година, што е највисок раст од мај. Хрватска е меѓу трите земји на ЕУ со највисока инфлација, по Романија (5,5 проценти) и Унгарија (4,8 проценти).

По Хрватска, црногорската невладина организација Институт алтернатива, ги повика граѓаните на Црна Гора на 31 јануари да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците.

Бојкот на маркетите имаше вчера и во Северна Македонија, а резултатите од остварениот, односно неостварениот промет веројатно ќе бидат објавени подоцна.

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија, минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемување од 10,63 проценти.

Подготви: Д. Тахири

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ