• Latest
Војо Маневски

Во име на народот

July 19, 2023
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

October 28, 2025

Еуроактив: Србија меѓу демократијата и литиумот

October 28, 2025

Додик не се откажува од референдум, засега се пречка „Муслиманите кои не знаат да прават ништо без Србите“

October 28, 2025
Фото: УНХЦР

Суданската армија го изгуби клучниот град од паравоените сили на RSF, ОН алармира за етнички мотивирани злосторства извршени од страна на RSF

October 28, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент го нарече „руски пропагандист“ претставникот на Кремљ, Дмитриев кој ги минимизираше санкциите на САД

October 28, 2025
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Во име на народот

July 19, 2023 11:47
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Една заедница може да се нарече држава кога ги има трите обележја: територија, народ (жители) и суверена власт. Без еден од овие три дела нема држава, или таа заедница е дел од друга дефиниција која не е за пофалба – неуспешна држава.

Навистина едноставна дефиниција ама многу компликувана кога треба да се опише нејзината суштина, посебно кога се работи за чувства. Припадноста на поединецот кон еден народ е факт кој произлегува од родителското наследство, дополнително зацврстен со неговите сопствени чувства.

Што мудрува сега овој? – е веројатниот заклучок на читателот. Лаички се обидувам да најдам одговор на неумерените одговори кога некој се чувствува загрозен токму во неговото чувство за тој национален идентитет. Одамна престанав да ги читам писанијата на социјалните мрежи водејќи се од мислата на еден наш професор по филозофија

„… ако не ја согледуваш појавата како целина тогаш се ставаш во улога на мајстор кој прави врата на сред поле. Тоа нема смисла зошто низ неа никој нема да минува, а последиците ќе бидат исти како кога мочаш спроти ветрот – најверојатно ќе се испрскаш…“

Зошто толку неумереност? – се прашувам, а одговорот е во човечкото чувство на страв од изместување од некаква воспоставена рамнотежа на разбирањето на работите околу себе. Стравот ја закочува акцијата а реакцијата е панична .

Сето ова го кажувам како вовед во кратка анализа на состојбите поврзани со дебатата за измената на Уставот.

Ако стравот е постојaна душевна состојба, прашањето e кој го подига тој страв до состојба кога расудувањето станува нерационално па дури и панично?

Во економијата има едно правило кое вели – барај го крајниот корисник на процесите, тој е сопственик на нивниот почеток. Кој кај нас го распалува тоа чувство на страв? Секако не обичниот граѓанин кој притиснат од мноштвото разни информации се чувствува како мета во која само што не стигнал проектилот. Сметката покажува дека пред сѐ тоа се некој политички елити кои тој страв го користат за остварување на своите цели, а тоа е да се дојде до власт и ако е можно таа  да е неограничена. Од власта, секако, најмногу корист имаат оние кои ја практикуваат. Кај нас тоа е така видливо и потврдено на навистина премногу примери. Само споредете ја сегашната имотна состојба на оние што имаат или имале власт со состојбата пред да се стекнат со неа. Велам „се стекнат“ зошто таа кај нас е награда за учеството во партиските органи а не чест и доверба на граѓаните кон своите избраници. Во претходните колумни го елаборирав тоа. Системот е така поставен и тој дава такви резултати. Значи, мора да го менуваме системот, однесувањето на актерите се последица.

Да се направи изместување (дефокус) од давањето добри предлози за разрешување на општествените проблеми денес се нарекува добар ПИ АР, ама како и секое изместување, само ја одложува конечната одлука а не ја заменува.

Неколку прашања бараат одговор.

Како тоа ќе сме го изгубеле идентитетот поради политиката која ја води или ќе ја води соседна Бугарија кон нас? Па не е овој народ шака ориз па да ја исколва која било чавка!

Самосвеста на македонскиот народ за среќа е поголема од сликата што за него ја прават разни душегрижници за неговата судбина. Од нивната грижа за народот сѐ потешко живееме а бројноста ни се намалува до ниво на разнебитување на еден од столбовите на поимот држава – нејзиното население.

Ќе ни го земат ли архангелот од Курбиново или фреските на Папрадишки во нашата црква во Штип. Песните на Гане, пирејот на Петре, стиховите на Рацин или сликите на Личеноски. Како ќе ни ги земат кога се наши?

Ако се нивни, зошто имаат потреба да ги одземат

Ништо од тоа не е на продажба, аукција или пленидба и не може да биде. Ќе ни ги земале митовите од минатото!? Како се земаат приказните кои сме ги слушале од дедовците или бабите? Приказните за Развигоров се пренесуваат повеќе од еден век во Штип. Сеќавањата на баба Тана за даскалот Гоце се одзема ли? Со вреќи или со контејнери се носат таквите вредности?

Како ќе бараме почитување на самосвеста на нашите сонародници во Бугарија, ако овде или по белиот свет се чувствуваме како нешто мало, загрозено и постојано опседнато со страв за своето постоење? Кој сака да се поистоветува со такви чувства, постојано да биде под некаков ирационален страв? Прашањето е легитимно за секој од нив. Ако ние во суверена држава, каде сме мнозински народ, постојано сме во страв дека ќе престанеме да постоиме како Македонци, дека сите работат против нас од што тие ќе црпат храброст тие, да истраат во сопствената борба? Ова не си го поставуваат како прашање најголемиот број македонци, туку како начин на политичка борба го легитимираат некои  политички елити на кои при тоа на ум им е крајното салдо на сопствената сметка.

Нека го докажат патриотизмот со реформи во администрацијата и судството, со развој на економијата и отворање на економски перспективи на новите генерации што треба да го чуваат и развиваат тој културен идентитет, а не со сеење страв од разни соседски политики кои постојат и веројатно ќе постојат и во иднина.

Нашиот народ и држава се како пред огледало  во кое се огледуваат две сили и интереси.

Едните се оние што се за реформи и претворање на заедницата во одржлив систем во кој  граѓаните ќе се чувствува слободно да го изразува својот идентитет  при тоа да не им се загрозени основните економски претпоставки за опстанок. На тој пат има многу предизвици но тоа е засега единствен извесен правец.

Вторите се оние што знаат дека секоја реформа која значи воспоставување на правна држава значи и нивно ставање пред лицето на правдата или, што е за нив уште пострашно, губење на позиции и враќање во анонимност. По ова прашање, објективно, често не ја гледаме разликата меѓу партиите кога се на власт .После почетниот ентузијазам како да ја заглавуваат колата во разни пајажини на интереси. Затоа се кочи секоја можност да започнат реформи. Но овој пат влогот е преголем  за да остане само на волјата на партиските раководства.

Го разбирам светот како поле за културен натпревар на народите. Е, а како го разбираат светот оние што не се за евро интеграции и постојано го бранат нашиот идентитет? Не нашиот, тие го бранат својот идентитет што е опишан во банките и централниот регистер. Го РАЗБИРААТ  светот како „ГУМНО НА КОЕ САМО НИВНИТЕ КОЊИ ГО ВРШАТ ЖИТОТО И САМО  ТИЕ ГО СОБИРААТ“.

3атоа ни се потребни сите сили за да ги започнеме преговорите со Европа и да ја започнеме комплетната реформа, овој пат со европска помош. За да си го зачуваме и идентитетот и опстојувањето на полето за културен натпревар на народите. Помошта не треба да се разбере како закана туку како стручна помош за лечење од болеста од која се разболевме талкајќи низ сопствените стравови и заблуди.

 


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ