ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Истанбул завршија руско – украинските преговори, Русија вети значително намалување на воените активности во Киев и Чернигов

Во Истанбул по три часовни разговори денес заврши   првата рунда преговори за војната во Украина помеѓу Украинската и Руската делегација.

Како што изјави шефот на украинскиот преговарачки тим, Дејвид Арахами денеска,  преместувањето  на преговорите од  Белорусија во Турција е првата украинска победа во преговорите.

Турција ја гледаме како еден од безбедносните гаранти за Украина, изјави Арахами.

Тој посочи дека Киев предлага да се одржат консултации со Русија за статусот на Крим во следните 15 години.

Украина ќе се согласи на неутрален статус доколку оживее системот на безбедносни гаранции што ги бара. Арахами додаде дека Израел, Полска, Канада и Турција би можеле да бидат меѓу земјите кои ќе ја гарантираат безбедноста на Украина, додаде Арахами.

Арахами рече дека неутралниот статус на Украина ќе значи дека во таа земја нема да има странски воени бази. Тој посочи дека за конечниот договор потребно е договорот за целосен прекин на огнот со Русија да стапи на сила на целата територија на Украина.

За Крим ќе се расправа на посебни преговори со Русија, според украинскиот преговарач.

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина по состанокот изјави дека претседателите на двете држави може да имаат средба кога ќе биде одобрен нацрт мировен договор.

Русија вети дека значително ќе ги намали воените активности во Киев, северниот град Чернигов, по најновата рунда преговори во Истанбул.

Во следните две недели Украина ќе ги продолжи преговорите со Русија, изјави украинскиот преговарач.

Украинскиот преговарач по мировните преговори со руската делегација во Истанбул изјави дека Киев сака осум држави меѓу кои и Турција да бидат гарант за почитување на мировен договор.

На преговорите  ненадејно се појави рускиот милијардер Роман Абрамович, кој е санкциониран од Западот поради интервенцијата на Москва во Украина. Портпарол на Абрамович не даде изјава во кое својство е дојден на преговорите, додека некои западни медиуми информираат дека тој е тука како неутрална страна.

Чавушоглу истакна дека Турција го поздравува компромисот и заедничкото разбирање на двете зстрани за одредени прашања, повторувајќи дека војната мора да заврши што е можно поскоро.

Според Чавушоглу во иднина се ошекува да се ротворат потешките прашања помеѓу министрите за надворешни работи на Украина и Русија.

Претходните рунди преговори меѓу Русија и Украина беа одржани во Белорусија.

Д.Мишев