Во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од вирусот Ковид-19, во Кичево не е регистрирано ниту едно прекршување на полицискиот час.
Во истиот период не се евидентирани кражби, сообраќајни незгоди и нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир, информираат од СВР Охрид.
Од СВР Охрид посочуваат дека моментално во општина Кичево во самоизолација се наоѓаат 28 лица и кај сите во изминатото деноноќие извршени се контроли.
Полициските службеници во текот на ноќта извршиле и 77 контроли врз угостителски објекти.










