Рускиот новинар Аркадиј Бабченко е застрелан во Киев, соопштија украинските медиуми. Тој живеел во егзил во Украина.
Советникот во Министерството за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко потврди дека Бабченко е убиен.
Тој е еден од најхрабрите новинари кои го видоа вистинското лице на војната. Учествувал како војник во Првата и Втората чеченска војна. Тој пишувал за рускиот упад во Грузија во 2008 година и во Украина во 2014 година. Автор е на бројни статии и материјали критични кон Кремљ и руското вплеткување во “блиското соседство”.
Бабченко беше познат како жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин. Ја напуштил својата татковина откако му се заканувале за својот живот, најпрво се населил во Чешка, а подоцна и во Украина.
Во минатата година, Бабченко работеше како лидер во украинската приватна телевизија АТР.
Бабченко ја напушти Русија во февруари 2017 година, набргу откако предизвика скандал со изјавата дека членовите на воениот ансамбл, кои загинаа во авионска несреќа на пат за Сирија, не заслужуваат сочувство, потсетува весникот “Украинская правда”.
Тој работеше за весниците “Московски комсомолец” и “Новаја газета”, а како воен дописник известуваше од војната во “Јужна Осетија” во 2008 година.
Рускиот истражен комитет почна кривична постапка за убиството на Бабченко во Киев, изјави портпаролката на комитетот, Светлана Петренко.