• Latest

Во Македонија евидентирани уште 250 лица без државјанство

July 28, 2018
Белград, протести. Фото: Скриншот

Тензично во Србија пред протестот против Вучиќ во Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025
Фото: Укринформ

Три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана уништени од украински дронови на аеродромот во Крим

June 28, 2025

УЈП: „МојДДВ“ се соочува со технички проблеми и работи со прекини

June 28, 2025

Грузиската опозиционерка Елена Хоштарија започна штрајк со глад

June 28, 2025

Локалните самоуправи ги добија парите од унгарскиот кредит

June 28, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025
Џабир Дерала, насловна фотографија на интервју за УКРИНФОРМ (фото: Б. Јордановска за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина не треба да биде високо на агендите, туку дека е самата агенда!

June 28, 2025
Фото: Скриншот

Трамп очекува прекин на огнот наредната недела во Појасот Газа

June 28, 2025

Николоски  се сретна со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

June 28, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Напад на руски дрон во Одеса, две лица загинаа, повредени најмалку 14

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Македонија евидентирани уште 250 лица без државјанство

July 28, 2018 10:37
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Лицата кои не се регистрирани или пак ги немаат регистрирано нивните деца во матичните книги на родените тоа можат да го направат до 30 септември годинава во подрачните единици на Управата за водење на матичните книги со поднесување барање за дополнително запишување. 

Ова го овозможува шестмесечниот јавен повик за прибирање податоци за лица – нерегистрирани во матичната книга, инициран од Управата за водење на матичните книги и Министерството за труд и социјална политика, што беше објавен во април годинава.

Се работи за лица родени во домашни услови, но и лица кои се родени во здравствени установи, меѓутоа нивните родители не ја извршиле должноста да го пријават името на детето во матичната служба.

Досега оваа можност за запишување во матичната евиденција, како што информираат од Управата за водење на матичните книги, ја искористиле 250 лица.

 

– За пријавување се пополнува прашалник од страна на нашиот матичар според усни изјави или согласно еден документ за идентификација што го поседуваат. Упатно е да имаат и да покажат за децата, картони за вакцинација, сведетелства, копии од некои потврди и било кои документи што може да помогнат во нивна идентификација. Врз основа на ова лицата ќе се евидентираат и потоа ќе се спроведува управна постапка за нивно запишување во матичната евиденција, велат од Управата.

Доколку некои од лицата кои ќе се пријават на шалтерите на Управата за водење на матичните книги не поседуваат никаков документ со кој треба да се докаже раѓањето на нивното дете, за истото службеникот ќе пополни прашалник и ќе ги упати лицата кои документи дополнително треба да ги достават во Управата за да почне да се води управната постапка.

 

Една од заложбите на Владата, како што беше истакнато на објавувањето на повикот, е инклузијата на сите граѓани кои живеат во Република Македонија, меѓутоа не ги уживаат правата кои им следуваат заради тоа што нивното раѓање не е регистрирано во матичната книга на родените и не можат да добијат прв извод од матична книга на родените.

Во процесот на идентификувањето на лицата без документација инициран од Министерството за труд и социјална политика и Управата за водење на матичните книги ангажирани се МВР, невладиниот сектор, а го помагаат и ОБСЕ и УНХЦР.

Според професорот Борче Давитковски, кој е автор на „Анализата на правната рамка поврзана со матичната и граѓанската регистрација во однос на спречување на без државјанството” за решавање на овој проблем се потребни законски измени, попис на сите лица кои се без државјанство, но и во ризик од бездржавјанство, посебна постапка за утврдување статус на бездржавјаноство, како и обуки за подигнување на свеста кај населението што е во ризик од бездржавјанство.

– Овие лица треба да добијат правен статус на граѓани. Тие сега се аморфна маса, кои не постојат, безимени се. Немаат лични документи. Има лица кои имаат идентитет, но, немаат државјанство, но и лица кои немаат ниту идентитет, ниту државјанство. Треба да се направат напори овие лица да станат граѓани и да можат да ги користат сите права, рече Давитковски на презентацијата на анализата.

Претставникот на УНХЦР во Македонија Дејан Кладарин смета дека проблемот со апатридите е решлив и оти за тоа е потребен системски пристап, законски измени, како и олеснување на административните процедури кои ќе овозжожат во блиска иднина да се реши проблемот.

Напоредно со тоа, додаде Кладарин, треба да се работи и на терен во соработка со невладиниот сектор за тие лица да се идентификуваат и да им се помогне да го решат својот статус.

 

Претставникот на ОБСЕ во Македонија, Џеф Голдстајн истакна дека ова е повеќегенерациски проблем, бидејќи, како што рече, лицето кое нема документи не може да ги запише, ниту своето дете иако е родено во земјата. Особено важна, како што додаде тој, е работата на терен.

Според Јована Тренчевска, државен секретар во МТСП поседувањето на лични докумети е клучно за да може едно лице да ги оствари своите права, во постапки пред надлежни инстутуции, центри за социјални работи, здравствените институции, агенциите за вработување, образовни институции, но и за да ги остварат основните човекови права.

Тренчевска информира дека досега се идентификувани околу 600 лица за кои се вршела проверка во базата за матичен број на граѓанинот, како и матичните книги на родените. Притоа, било утврдено дека дел од нив веќе се евидентирани во матичните книги, но немаат изводи, некои се родени во болница, но не им е определено лично име, а дел во домашни услови, но никогаш не било пријавено нивното раѓање.

Даниела Маркоска Алексовска


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ