• Latest
Бранко Тричковски

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

June 21, 2025 16:00
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Фатив две три минути од натчовечките напори на Гордана Силјановска Дафкова да го убеди Мишко Иванов, а преку него и Македонија, какви се видливи и помалку видливи, но со сигурност смртоносни опасности, се кријат во барањата Бугарите да ги пуштиме во Уставот, па во протоколите и евентуалниот почеток на преговорите со Европската унија под условите што ги одредува преговарачката рамка и заклучив, и по тоа што го зборуваше и по интонацијата и по фацијалната експресија, дека се работи, така ми се чини, за комплетно ментално, морално, национално, интелектуално и политичко растројство, односно за отсуство на елементарна деловна способност во таква состојба жената да глуми дека ја води државата од позицијата претседателка.

Потоа со пауза од неколку минути налетав на излагањето на премиерот Мицкоски во кое тој се обидуваше да се кандидира за главната улога во римејкот на еден филм во кој Мајкл Даглас играше обвинител против еден итер тип тресејќи запаливи рафали против еден член на дуи, демек, бившиот министер за надворешни работи, кој (тука настапува мојата слободна, но автентична интерпретација), како Албанец си зел право да преговара за неговиот јазик и идентитет како Македонец.

Замислете!

Дури и ако го тргнам настрана фактот дека тој Албанец што се вика Бујар Османи, во својата посветеност, благородност и одговорност, го одбрани јазикот на кој македонскиот премиер запалливо пелтечи, јас сум слободен да го кажам моето мислење како и кај Дафкова: Мицковски е жртва, односно сите ние сме жртви, на неговото комплетно ментално, интелектуално, национално, морално и политичко растројство.

Човек кој е во состојба да изговори такви работи и уште да се заканува дека и тој и народот „кој бил доволно глупав“ (ова е моја забелешка) да му даде неограничена власт, тоа никогаш нема да го заборават и дека ќе го повторуваат секаде и секогаш, на позицијата што ја има е како неговиот љубимец Ванчо Михајлов со доволно збогатен ураниум да произведе сто пирински атомски бомби.

Од сусамот, ама атомски!

Тоа што и таа и тој го говорат не е политика.

Не е ниту радикална политика. Не е ниту протонаци народништво, радикална десница итн.

Тоа е растројство, односно лудост.

Имам основи да ја проширам елаборацијата и да кажам какви сѐ страотни  импликации можеме многу лесно да замислиме од собранискиот пролив на Мицкоски, и од нарикачењето на Дафкова, но ќе се задржам само на парадоксот кој потсвесно го емитираат, имено, дека Македонија не може да постои ако не умре, ако мирно не имплодира во загубените значења и анестезираните рефлекси и нерви, а можеби и во потоци мешана крв.

Османи, Маричиќ, Ковачевски, Ахмети и другите од таа екипа, врз основите што ги постави Заев, им ставија европски круни на главите, но нивната примитивна и злонамерна опседнатост со таканаречените национални интереси, во круните гледа јажиња за бесење. Тенденциозно, затоа што не се ќорави, но тој пресврт на стварната стварност во глума на Македонци кои се освестуваат со вратови кои се држат само на вморонската кожичка, е чин на неподносливо просерување пострашен од самата смрт. Оти и во смртта мора да се има некаков стил и достоинство.

Во нивните патетични,  но смртоносни изливи на македонизмот и во инфантилните обиди низ антиалбанизам, антибугаризам и антиевропеизам, да ја рехабилитираат идејата за Македонија како македонска куќа во која македонскиот народ издава по некое собиче на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Власите, Србите, не и на Бугарите, хахаха, не се крие туку се открива драматичниот крај на македонскиот национален и државен проект како мотор на кој тие му го дупнале резервоарот и машината останува без гориво пред самиот врв на планината.

Вмронот е бекетовски гад за кого ништо не е така стварно како ништото.

И затоа се стреми да го оствари.

Хахаха!

За вморонот се е феноменолошко, а не културно.

Појавно и празно.

Како цвеќе без тло.

Луѓето во својата примитива немаат капацитети да ги поврзува работите.

Освен кога ќе го пуштат да трчаат по власта што ја стигнуваат за да им ја удрат на луѓето од главата и да турат по некој милион во џебот.

Не како криминал.

Во нивниот свет тоа е смислата на власта.

Не можат ништо да научат.

Интелектуалците во Европа порано имаа улога на табаско сос: неминовно заземаа екстремни позиции и тоа беше многу добро за динамиката на цивилизацијата и на животот на општествата и државите.

Доминираше, се разбира, левата ориентација.

Денеска ја играат улогата на мајонез кој овозможува секакво политичко говно да изгледа вкусно и здраво за јадење. Имаат киселкаст и леплив вкус на нацифашистичка десница.

Во Македонија, интелектуалците порано имаа улога на морална провансалска мешавина која ѝ овозможуваше на нацијата да ги јаде политичките говна како најслатки пудинзи, а сега самите се говна кои се стопуваат со политичките срања и се излеваат во јавниот простор како канал за одбрана на националните интереси.

Сакам да ја завршам колумната со еден цитат од Слободан Јовановиќ од книгата „Еден прилог за проучување на српскиот национален карактер“, постхумно издание, Виндзор, Канада, 1964.

„Земајќи го во неговиот најцелосен и најизразен вид, полуинтелектуалецот е човек кој уредно, па можеби и со многу добар успех, завршил школа, но во поглед на културното образование и моралното воспитување, не стекнал речиси ништо.

Воопшто не ги разбира и цени духовните вредности. Тој се цени според тоа колку нешто придонесува за успех во животот, а успехот го зема во „чаршијска“ смисла, значи, сосема материјалистички. Во општествениот натпревар, тој дипломиран примитивец, се бори без скрупули и со целосно уверување дека го бара само своето право кое школата (а во плурализмот и изборите, м.з.) му го признала. Тој ги потиснува соперниците немилосрдно, како да не се живи суштества, туку материјални пречки.

Политичката амбиција на полуинтелектуалецот и не е политичка. Таа се состои само во тоа низ политиката човекот да се збогати и на високи позиции да погосподари. Не знае за никакви виши и поопшти цели. Дури кога полуинтелектуалецот ќе го доживее врвот на политичкиот успех, се гледа колку е тој морално закржлавен.

Полуинтелектуалецот е болесна општествена појава која обелоденува две работи: прво, дека културниот образец е потребно дополнување на националниот и политички образец и, второ, школата која се ограничува на давање на знаење, без паралелно воспитување на карактерот, не е во состојба да ја спречи појавата на таквиот општествен тип каков што е полуинтелектуалецот.“

На овие оценки јас би додал само уште пар деформации кај македонските примитивци: македонизмот ментално го парализира и тој станува роб на самиот себе, а нацијата што ја води, роб на неговата парализа и, второ, се случува тој свесно да оди на разградување на македонството било затоа што го смета за историски дефект, било затоа што самиот се смета за дефект обвинувајќи го за својот хендикеп македонството.

Во вмро има од сѐ по нешто и уште многу повеќе. Тоа е болесна општествена, историска, национална и културолошка појава, сериозен знак на националната закржлавеност, Македонците предводени од вакви примитивци се како желки во Ф 1 трката на Спа Франкоршамп. Во првиот следен круг, Расел и Макс ќе направат од нас флека на асфалтот.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Фронтлајн. 

Print Friendly, PDF & Email
Share38Tweet24Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ