203 жени во периодот од 2012 до 2016 година починале од карцином на грло на матка, соопшти Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.
Според здружението бројот на починати од ова заболување секоја година се зголемува за 6%.
„И покрај оваа алармантна состојба, Министерството за здравство издвојува средства и дава можност само 28 проценти од жените на возраст од 24 до 60 години да направат бесплатен ПАП тест преку Програмата за скрининг на карцином на грло на матка, а секоја година со оваа програма опфаќа помалку жени од предвидениот број и троши помалку средства од издвоените“, велат од ЕСЕ.
Според Здружението, во периодот од 2012 до 2017 година, 56 % од жените на возраст од 24 до 60 години не биле поканети да направат бесплатен ПАП-тест со Програмата за скрининг на карцином на грлото на матката, а пак на 72 % од жените не им бил направен ПАП-тест преку Програмата во изминатите шест години.
М. И.