• Latest

Во правосудството нема никакви влијанија, тврди Заев

October 31, 2019
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Во правосудството нема никакви влијанија, тврди Заев

October 31, 2019 15:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Треба јасно да биде потврдено, денеска во правосудството нема влијанија. Се што имаме да кажеме транспарентно зборуваме, и дури кога сме против притворите, кога сме за побрзи постапки, и кога сме за отчетност и транспарентно работење на обвинители и судии. Не се криеме, нема телефонски јавувања, нема состаноци за да се прават влијанија, и никако поинаку.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, пренесува МИА.

„Се што работиме на средбите со судии и обвинители, се зајакнување на нивните капацитети. Дополнителни буџетски средства обезбедени во Јавно обвинителство и во судство, дополнително мотивација, па дури и исплативме на судиите од 2016 година  што биле под страв, да бараат надомест за дополнителни примања од ризик, кој по закон им следува. Годишно исплаќаме по два милиони евра. Оваа година на нивните сметки легнаа дополнителни два милиони евра за нешто што им е право од 2016 година и тоа по пат на спогодба и разговор со Судскиот буџетски совет, заедно со сите судии во државата. Го направивме онака како што личи во секоја демократска земја“, рече Заев.

Истовремено, неправдата на судската служба која, како што рече, им беше нанесена со скратување на 40 отсто заради тоа што протестираа тогаш и беа директно, флагрантно казнети.

„Најдовме начин, обезбедивме пари, исплатени се и тие надоместоци од 2016 година кои им беа нанесени како неправда. Ние ќе работиме на се повеќе зајакнување на судските и правосудските капацитети, дали е во судство или обвинителство. На принципиелен начин ќе обезбедиме се поголеми услови и ќе бараме одговорност. Затоа што граѓаните бараат одговорност од сите, и од политичарите, но бараат одговорност и од судиите и од обвинителите“, рече Заев.

Тој нагласи дека должност на секој судија е да испорача правна држава и правда во оваа земја, онака како што тоа го пропишува Уставот и законот за делокругот на неговото работење.

Заев рече ако има некакво влијание врз судија или обвинител, јавно апелираше гласно да зборува, јавно да соопшти за какво било влијание, директно или во име на некој друг. Смета дека само на тој начин ќе ја вратиме правната држава, да мотивираме инвеститори, младите да останат тука.

„Правната држава е императив на оваа Влада, главна стратешка определба по политичкото решение“, рече Заев, изрази благодарност и до опозицијата што донеле консензуално многу закони во делот на правосудството.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ