Државната изборна комисија објави оглас за вработување на 9 извршители на определено време, односно до 31 декември 2019 година.
Според огласот ДИК има потреба од раководители во секторот за Избирачки список (ИС), евиденција на избирачкото право, составување и ажурирање на ИС и описот на избирачките места, во одделението за буџетска контрола, одделението системски софтвер и одржување и во одделението за информирање и меѓународна соработка.
Исто така, ДИК има потреба од советник за буџетска координација, како и соработници за евиденција на доесени подзаконски акти и упатства, за координација во подрачните одделенија и координација на внатрешна ревизија. ДИК има потреба и од еден виш соработник координатор со изборните органи и други органи.
Се очекува овие работни места да бидат пополнети пред 3 февруари, кога се очекува распишување на претседателските избори. Поради итноста на постапката е итна, ДИК посочува заинтересираните кандидати пријавите да ги достават исклучиво преку нивната архива.
Во меѓувреме претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, ја најави и можноста во мај, кога се очекуваат претседателските избори, граѓанките и граѓаните да гласаат по електронски пат.
Б. Јордановска