Досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров кој во новата Влада треба да го преземе вицепремиерското место за европски прашања, преку свој Фејсбук профил порача дека му било чест што во изминатиот мандат како шеф на дипломатијата бил дел од историскиот пробив со членството во НАТО и зеленото светло за преговори со ЕУ, со што се зацврстени државноста, темелите и безбедноста на земјата и отворен патот европските стандарди да ги донесеме дома.
https://www.facebook.com/NDimitrovMK/posts/2792501617629906
„За мене, како човек кој целиот професионален живот го посвети на оваа идеја нема поголем предизвик од тоа да го водам најсуштинскиот и најважен државен процес. Ова е мојата должност, но и должноста на нашата генерација – да ги зацртаме чекорите, да ги впрегнеме најспособните и под светлото на процесот од ден на ден да се менуваме“, вели Димитров збогувајќи се со Министерството за надворешни работи, а во пресрет на вицепремиерското место за европски прашања.