Фудбалскиот клуб Ривер Плата соопшти дека ќе соработува со властите откако една невладина организација објави дека малолетни лица биле сексуално злоставувани во помладите категории на познатиот фудбалски клуб.
Асоцијацијата за жртви на силување АВИВИ поднесе и официјална тужба до локален обвинител наведувајќи дека тројца малолетници наводно биле злоставувани во периодот од 2004 до 2011 година.
Аргентинскиот весник „Ла насион“ наведе дека жалбата се занова на информација од неименуван лекар кој неколку години работел во клубот.
Ривер Плата е еден од двата најпознати аргентински фудбалски клибови од кој потекнаа многу светски познати фудбалери, а ривалството со клубот Бока Јуниорс е познато ширум светот.
извор: МИА