Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз регионот Суми утринава се искачи на пет. Уште 14 лица се повредени и однесени во болница, пренесува Укринформ.
„Ситуацијата на границата беше мирна, но имавме ракетен напад врз инфраструктурен објект. Три руски проектили. Четиринаесет повредени лица се во болница, тројца од нив се извлечени живи од под урнатините. Пет лица загинаа. Речиси 300 удари се извршени од територијата на Руската Федерација во текот на денот“, објави на Телеграм Дмитро Живицки, шеф на регионалната воена управа на Суми.
Непријателот ги гранатираше заедниците Краснопилија, Шалихине, Велика Писаривка и Середина-Буда со минофрлачи и артилерија со цевки. Една жена е повредена во артилериското гранатирање на градот Середина-Буда.
Утрово Русија го нападна регионот Суми. Откако руски проектил го погоди Ромни, беше соопштено дека загинале три лица, а уште девет се повредени. Некои населени места во регионот Суми останаа без снабдување со електрична енергија.
Руските агресори синоќа извршија ракетен напад врз Миколаев, при што загина еден маж, објави на Телеграм Виталиј Ким, шеф на Регионалната воена управа на Миколаев.
„Синоќа повторно беше пукано врз Миколаев со ракети С-300. Погодена е двокатна зграда. Под урнатините е пронајдено тело на маж. Во тек се операции за пребарување и спасување“, рече Ким.
Според него, од 06:20 часот во градот е вратено напојувањето со електрична енергија.
Ким рече дека цветниот пазар бил уништен од гранатирање.
Подготви: Д.Мишев