• Latest

Во Саудиска Арабија почна мировниот самит за Украина, без учество на Русија

August 5, 2023
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Во Саудиска Арабија почна мировниот самит за Украина, без учество на Русија

August 5, 2023 21:28
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Високи претставници на околу 40 држави, меѓу кои и САД, Кина и Индија, денеска во саудискиот град Џеда почнаа преговори, кои, како што Киев и украинските сојузници се надеваат, треба да резултираат со договор за клучните принципи за ставање на крај на војната во Украина, пренесува МИА.

Дводневниот состанок е дел од дипломатските напори на Украина да допре до земјите од „глобалниот југ“ кои не сакаат да заземат страна во конфликтот, иако тој влијае врз глобалната економија.

Се уште не е јасно дали средбата ќе резултира со заедничка изјава.

На средбата во Џеда не присуствува руски претставник, но Кремљ најави дека внимателно ќе ги следи разговорите.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека се надева оти средбата во Џеда ќе резултира со мировен самит на кој ќе биде поддржан неговиот план. Киев бара Русија да ја врати целата украинска територија и да ја повлече армијата од Украина.

Украинските, руските и меѓународните претставници се согласуваат дека во моментот нема изгледи за иницирање на директни мировни преговори помеѓу Киев и Москва.

Според западните дипломати најголемиот светски извозник на нафта, Саудиска Арабија, која е во контакт со двете страни по руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, одигра важна улога со тоа што ги покани земјите кои не учествуваа на претходните средби.

Кина, која не учествуваше во претходната рунда преговори во Копенхаген, во Џеда го испрати специјалниот пратеник за евроазиски прашања Ли Хуи на состанокот во Џеда. И Кина одржува блиски економски и дипломатски врски со Русија од почетокот на конфликтот, истовремено отфрлајќи ги повиците на меѓународната заедница јавно да ја осуди Москва.

На разговорите пристигна и индискиот советник за национална безбедност Шри Аџит Довал. Индија, како и Кина. одржува блиски врски со Русија и одбива да ја осуди Москва за инвазијата врз Украина. Во исто време индиските власти го зголемија увозот на руска нафта.

Предвидено е три часа да има говори на учесниците, потоа два часа дискусија зад затворени врати, а потоа официјална вечера.

 

Tags: мировен самитУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ