• Latest

Во Шуто Оризари ќе се отвори Ресурсен центар за повратници и лица во ризик

January 16, 2024

Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

October 1, 2025
Фото: Амбасада на САД во Северна Македонија/ Фејсбук

Поради затворањето на американската влада, Фејсбук сметката на амбасадата на САД нема да се ажурира регуларно

October 1, 2025
Џелал Незири
Фото: Ариан Мехмети, ЦИВИЛ

Незири во интервју за ЦИВИЛ за клучните геополитички и локални предизвици – остро и директно

October 1, 2025
фото: Фејсбук на Изет Меџити

Меџити: Османи доктор на Тик-Ток, ама не за Чаир – ДУИ ја продаде каузата на Албанците за српски банки и казина

October 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на DawnNews English

Италијанската премиерка ѝ наложи на флотилата за помош за Газа да запре или ризикува да стане изговор за спречување на мирот

October 1, 2025

Ден на бранителите и бранителките на Украина

October 1, 2025

Народен правобранител: Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право за локалните избори

October 1, 2025

„Неслушнатите 12 милиони“ – Советот на Европа со повик за акција за правата на Ромите и Патниците

October 1, 2025
Фотографија: МВР

Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ: За што сè треба да се подготват патниците

October 1, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Ново-Јарославски во рускиот град Јарослав на 1 октомври 2025 година. Фото: Руски Телеграм канал Астра

Пожар избувна во голема руска рафинерија за нафта во Јарослав по наводен инцидент „предизвикан од човек“

October 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Во Шуто Оризари ќе се отвори Ресурсен центар за повратници и лица во ризик

Преку Ресурсниот центар граѓаните ќе имаат непречен пристап до здравствени, социјални услуги, вработување, предучилишно и училишно образование и пристап до правна помош.

January 16, 2024 14:27
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска сме за убав повод овде, во Општина Шуто Оризари, каде отпочнува со реализација проектот за изградба на Ресурсен центар за нашите сограѓани, прв од ваков вид во земјава. Ресурсниот Центар е предвидено да биде мост меѓу жителите на оваа општина и државните институции, наменет пред сѐ за повратниците, како и за сите жители на Општината Шуто Оризари кои ќе можат полесно и побрзо да дојдат до бараната услуга во соодветната институција, рече премиерот Димитар Ковачевски, денеска на настанот по повод потпишување на договор за реализација на проект за изградба на Ресурсен Центар за повратници и лица во ризик во Општина Шуто Оризари.

Преку Ресурсниот центар граѓаните ќе имаат непречен пристап до повеќе административни услуги меѓу кои здравствените и социјалните услуги, вработување, предучилишно и училишно образование и пристап до правна помош.

„Со еден збор, еден модерен, едношалтерски систем каде што ќе можат сите информации и услуги граѓаните на Шуто Оризари да ги добиваат на едно место, брзо и ефикасно и потоа да бидат процесирани или да бидат упатувани и советувани што треба да направат“, вели Ковачевски.

Центарот треба да обезбеди социјална и економска реинтеграција на жителите на Шуто Оризари и ќе создаде повеќе можности за повратниците да станат поактивни на пазарот на трудот.

„Ресурсниот центар е планиран да биде мултифункционален објект, прилагодлив зависно од потребите граѓаните, и да е лоциран во зградата на Општината Шуто Оризари. Истиот е предвидено да се заврши до крајот на годинава, и ќе чини околу 180 илјади евра, од кои околу 81.000 евра ќе бидат обезбедени преку ЕУ, додека останатите ќе ги обезбеди општината за што навистина изразувам честитки од Општината, градоначалникот, советот и до сите кои што се вклучени“, рече премиерот.

Премиерот истакна дека ова е центар кој ќе донесе нова динамика во живеењето во општината, и верува дека ќе придонесе кон развојот на општината и кон повисок квалитет на живот за граѓаните.

„Во овој контекст, ние како Влада континуирано се залагаме за развој и јакнење на инфраструктурата на сите општини, вклучувајќи ја и Општината Шуто Оризари. Тоа го покажавме и преку реализација на различни проекти директно поддржани од Владата. За период од само 3 години инвестиравме над 2,5 милиони евра во инфраструктура, образование, социјала, здравство, како директна поддршка за имплементација на локални активности од Националната Стратегија за инклузија на Ромите за којашто мора да се заблагодарам и на моите советници кои потекнуваат од Општината Шуто Оризари кои навистина на високо ниво професионално ја извршуваат својата работа во Владата на Република Северна Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека намениле средства за реконструкција, рехабилитација и подобрување на комуналната инфраструктура и улиците во Општина Шуто Оризари.

„Спроведуваме и значајни проекти во областа на домување. Преку Инструментот за пристапна помош наменет за Шуто Оризари за оваа цел се насочија средства во износ од околу половина милон евра. Со новиот деветти пакет на антикризни мерки предвидовме помош и за над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани. Додека, со Законот за матична евиденција, за што сум искрено благодарен на пратеничката Шиковска, овозможивме повеќе од 500 граѓани да добијат идентитет и да станат видливи во општеството, со што го решивме деценискиот проблем со неевидентираните лица. Ова е огромен успех и за нас како држава, бидејќи вакви решенија се реткост во светски рамки, а е исклучителен успех и за граѓаните. Со ова ние станавме прва земја во Европа која нема незаведени граѓани во матичната евиденција“, рече тој.

Во близина на Центарот кој ќе се гради овде, е и една од најмодерните градинки, градинката „8 Април“, која е изградена и опремена по сите стандарди со капацитет за над 300 деца, една од поголемите во државата. Во рамките на градинката функционира и Центарот за згрижување на деца во социјален ризик, со што се помогна на децата од социјален ризик и тие да се вклучат во воспитно-образовниот процес. Од 2017 година досега се отворени вкупно 83 објекти со капацитет за од речиси 8.000 деца.

„Нашата заложба како Влада е да создадеме европски услови за живот и да ги задржиме нашите граѓани овде, во нивната родна земја. Да негуваме едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности. Да се обединиме околу европските вредности и да ја донесеме Европа дома, наместо да талкаме по Европа во Светот!“, рече тој.

Ковачевски додаде дека европскиот пат е единствен пат за нас.

„Немаме друга алтернатива и нема да се откажеме од остварување на европерспективите бидејќи тие ќе ни донесат просперитет и посветла иднина. Таа иднина сме должни да им ја обезбедиме на нашите деца, на нашите млади бидејќи иднината почнува дома!

А, таа иднина ќе ја обезбеди идната проевропска Влада, како оваа што ја предводам, која со проевропски политики, во брзи рокови, до 2030 година, ќе ја внесе земјата во ЕУ!“, рече Ковачевски.

Тој изрази голема благодарност до Европската Унија, нашите најголеми финансиски поддржувачи, како и УНДП, кои се тука од првиот ден од независноста на Северна Македонија и на Република Македонија за планираниот Ресурсен центар кој, ќе биде од големо значење за општината и ќе мотивира и други општини да поведат вакви иницијативи.

Премиерот посака Ресурсниот Центар што поскоро да стане сервис на што повеќе граѓани од Општина Шуто Оризари и да им помогне во реализацијата на нивните животни планови.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Претседателката реши да го замете дворот на ЕУ, наместо прво да погледне во својот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ