• Latest

Во Собранието избор на први луѓе на повеќе институции и комисии

August 27, 2018

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Собранието избор на први луѓе на повеќе институции и комисии

August 27, 2018 08:38
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата ќе одржи седница на која треба да биде предложен избор на директори на неколку институции и членови на комисии, меѓу кои и на Оперативно-техничката агенција – ОТА и главен државен ревизор. 

Иако точката е ставена на дневен ред не се знае дали денеска ќе биде познато името на директорот на ОТА бидејќи до вчера според информациите од партиските тимови кои преговараат договор не беше постигат. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилкоски вчера на прес-конференција кажа дека разговори меѓу тимовите има, но дека договор нема и оти преоптимистички е да се очекува да се знае името на директорот на ОТА до денеска.

– Во моментов се уште нема договор иако интензивно траат разговорите  помеѓу работните групи на политичките партии. Меѓутоа преоптимистички е да се каже дека до утре тие разговори ќе вродат со плод, рече Стоилковски. Според него, функционирањето на ОТА е исклучително  важно заради сомневањето меѓу другото што и во моментот има шпекулации во јавноста дека повторно се злоупотребува апаратите во институциите и во тој дух очекуваме да дојде до договор.

На седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да биде донесена предлог-одлука за изменување на Одлуката за висината на надоместокот на пратениците за користење на автомобил во лична сопственост за службени цели и надоместок на трошоци за патарина и да донесе одлука за утврдување на висината на надоместокот за закупнина на стан.

Пратениците треба да утврдат предлог за избор на главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија, за избор на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на Инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, да утврдат коефициент за плата на директорот на Оперативно – техничката агенција и да утврдат Предлог – одлука за избор на директор на ОТА.  Се очекува утре исто така да биде утврдена Предлог – одлука за избор на заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на конкуренцијата, за именување на претседател и членови на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за разрешување на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, како и за именување член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Собраниската Комисија треба да утврди и Предлог-одлука за разрешување и именување на претседатели и членови на одборите за доделување на државните награди 8 Септември и 23 Октомври, да ја дополни одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици – членови на Националниот совет за евроинтеграции, како и на на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ