Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска во 11 часот ќе одлучува за предлог-листа за именување на претседател и членови на Државната комисија за спречување на корупција.
Вчера вечерта Собранието ја објави ранг листата на кандидати за претседател и членови на ДКСК. Според бодувањето највиско котиран на рнг листата со 100 бода е Владимир Георгиев од Секретаријатот на ДКСК. На листата на најдобро рангирани се и Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, ревизорка, Нури Бајрами, вработен во општина Гостивар, Билјана Ивановска, ревизорка, Горан Трпеновски, новинар и Шемши Салаи, вработен во општина Врапчиште.
Според неофицијаните извори на ЦИВИЛ Медиа, за можна претседателка на ДКСК е Билјана Ивановска, ревизорка, иако на ранг листата се наоѓа на петтото место.
За формирање на новиот состав на ДКСК беше сменет и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.
Б. Ј.