• Latest

Во собраниска процедура нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

October 16, 2019
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во собраниска процедура нов закон за стечајци, надомест за уште 1.000 лица

October 16, 2019 14:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нов закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата или „стечајци“ кој треба да овозможи право на надомест од државата да остварат уште околу 1.600 стечајни работници, разгледуваше денеска собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Овие граѓани аплицирале за остварување на правото по основ на законите кои за таа намена беа преходно донесени, но, не го добиле, бидејќи иако ги исполнувале сите други услови, не го исполнувале условот при приватизацијата на претпријатието од кое тие произлегле тоа да не го променило матичниот број.

Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, во периодот  од 1 јануари 1993 до 30 јуни 2019 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата. Материјално ќе се обезбедат лицата кои со претходните законски решенија имале возраст помалку од  52 години за жена, односно 55 години за маж, како и лица на кои им престанал работниот однос во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.

– Законските решенија предвидуваа, лицето да не е вработено, работниот однос да му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, во претпријатие со доминантна сопственост на државата, под услов истиот да бил заснован додека претпријатието било со доминантна сопственост  и при приватизацијата да не дошло  до промена на единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС). Покрај тоа, се предвидуваше, по  престанокот на работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, невработеното лице  да остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1995  година. Анализата за  имплементација на законите, покажа дека голем број на невработени лица ги исполнуваат сите услови, освен условот за непроменет матичен број  на субјектот (ЕМБС) по приватизацијата, иако   претпријатието со променет матичен број произлегло од претпријатието кое било во доминантна државна сопственост, рече заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Кај одделен број невработени лица, додаде тој, датумот на престанокот е пред 1 јануари 1995 година и после 31 декември 2018 година и од тие причини  не го оствариле  правото на паричен надоместок по престанок на работниот однос.

-Со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на правата и истите материјално да се обезбедат, се наметна потребата од донесување на законот. Со предвидените променети услови, а согласно  со анализата на поднесените барања до Агенцијата за вработување со новиот закон, право на материјално обезбедување би оствариле најмалку 1.000 невработени, појасни тој.

Членовите на Комисијата се согласни дека ваков закон е потребен, со цел да се реши проблемот на преостанатите граѓани кои не го оствариле правото на надомест согласно со преходните законски решенија. Весна Пемовска од ВМРО-ДПМНЕ побара да се размисли за продолжување на рокот за аплицирање кој со предлогот изнесува 30 дена, со цел, како што рече, сите да можат да достават барања.

Заменик-министерот Бајрактар истакна дека со претходните две законски решенија право на надомест оствариле околу 10.000 граѓани. Со претходниот закон пак, донесен во време на поранешната власт такво право оствариле 4.700 граѓани.

Овие бројки, рече Жаклина Лазаревска од СДСМ, покажуваат дека оваа власт потемелно се зафати да го решава проблемот на оваа категорија граѓани.

Пратеникот Реџаил Исмаили од ДУИ побара Владата да побара и да најде решение и за оние граѓани кои не можат да го остварат ова право бидејќи иако работеле во овие претпријатија, не им биле плаќани придонеси. На ова реплицираше Лазаревска, која истакна дека тие случаи треба да се гледаат пооделно по градови и така и да се решаваат.

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ