• Latest

Во Тетово денеска ќе се одржи судско рочиште за пожарот во модуларната болница во која изгореа 14 лица

March 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК пресече – познат бројот на општински советници; ОН ја осудија бруталноста на српската полиција; Палестинците го предаваат оружјето во бегалски камп во Бејрут; ЦИВИЛ отвори повик за изборни набљудувачи

August 22, 2025

ДИК го усвои Регистерот на медиуми за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

РЕАКЦИИ: Приватното здравство – спас или профит на сметка на граѓаните?

August 22, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Високиот комесар на ОН ја осуди неоправданата употреба на сила од страна на српската полиција на протестите

August 22, 2025
Фото: Д. Мишев / Цивил Медиа

ДЗР: Просечна нето плата за јуни изнесувала 45.468 денари

August 22, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Вртење во круг: Трамп постави нов рок за мир во Украина, Сенаторот Греам бара Русија да се прогласи држава спонзор на тероризам ако не ги врати киднапираните украински деца

August 22, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК го донесе упатството за бројот на советници

August 22, 2025
Илустрација ВИ

Сè што треба да знаете за изборниот материјал, што е што во изборен контекст

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Палестинските фракции почнаа да го предаваат оружјето во бегалскиот камп во Бејрут

August 22, 2025

Локални избори 2025: Кој и како ги поднесува кандидатските листи?

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Во Тетово денеска ќе се одржи судско рочиште за пожарот во модуларната болница во која изгореа 14 лица

March 18, 2025 10:11
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во Основниот суд Тетово со почеток во 10 часот се очекува да се одржи повторно судење за пожарот во модуларната болница во Тетово каде изгореа 14 пациенти, пренесе Portalb.mk.

Досега рочиштата за повторното судење беа откажани четири пати.

Предметот ќе биде повторно суден откако Апелациониот суд Гостивар го врати предметот во Основниот суд Тетово.

На 15 јануари 2025 година рочиштето беше откажано бидејќи судијата Јордан Велковски беше на боледување.

На 05.11.2024 година рочиштето беше одложено поради отсуство на судијата Јордан Велковски.

На 25.09.2024 година рочиштето не се одржа поради отсуство на адвокат на еден од обвинетите.

На 26.06.2024 година седницата беше одложена поради отсуство на претставници од Клиничката болница Тетово.

На 8 септември 2021 година, пожар избувна во модуларната болница во Тетово каде се лекуваа пациенти со Ковид-19 и со себе однесе 14 животи на пациентите, но и на членовите на семејството кои беа внатре. 14 лица беа спасени пред зградата целосно да изгори.

По првото судење во Судот во Тетово, кое заврши во јуни 2023 година, на кое на обвинителна клупа беа поранешниот медицински директор на тетовската болница и поранешниот економски директор, лекарот одговорен за „КОВИД“ центарот и тетовската болница, Апелациониот суд во Гостивар во мај 2024 година одлучи да ја врати постапката против директорите од почетокот, бидејќи беше неиздржана пресудата.

Обвинителството побара директорите да добијат построги казни, а ослободителната пресуда за докторот да се укине и предметот да се врати на повторно судење.

Дел од случајот против двајца поранешни директори на тетовската болница е вратен на повторно судење. Додека ослободителната пресуда за лекарот Бобан Вучевски ја потврди и Апелациониот суд во Гостивар.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ