Во општина Тетово сите гласачки места се отворени точно во 07:00 без никакво задоцнување. Во сите избирачки места, гласањето почнало и се одвива во нормален ред, со сите потребни материјали и нема никаков вид на проблеми, потврди за ЦИВИЛ Медиа Артан Адеми од Општинската изборна комисија во Тетово.
Исто така, и набљудувачкиот тим на ЦИВИЛ забележува нормален тек на гласањето на теренот, без посебни забелешки од гласачите или од избирачките одбори. Уште од првиот час, по отварањето на гласачките кутии се забележуваат првите гласачи кои излегле рано, за да го искористат правото на глас, наспроти дождот што почна да врне во раните утрински часови.
А. Зеќири