• Latest
Добро утро со Орданоски

Во цврстата прегратка на Филипче

September 20, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Во цврстата прегратка на Филипче

September 20, 2021 06:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

САШО ОРДАНОСКИ

Теоријата дека Заев ќе го чека завршувањето на локалните избори за да ја соопшти својата одлука дали ја прифаќа оставката на Филипче, се чини тешко остварлива. За такво нешто би требало да поминат уште, брат-брату, шест недели, а тој период би бил предолг не само во однос на политичката пристојност за носењето на таква одлука, туку и за чекање на резултати од истрагата до тогаш. Не мора човек да биде голем експерт за да погоди дека тоа одлагање, јасно, во најмала рака, политички тешко би се одразило врз власта во резултатите од претстојните локални избори, дури и да се смират протестните тензии во државата како резултат на тетовската трагедија, особено по настаните во Тетово минатиов викенд.

Од друга страна, вчера ги погледав првичните резултати од анкетата на респектабилната агенција за истражување на јавното мнение во Македонија, „Брима“, чиишто ексклузивни права за објавување ги обезбеди „Слободен печат“ и „Утрински брифинг“ во своите денешни изданија. Иако теренските анкетни активности на „Брима“ се завршени ден-два по пожарот во Тетово – што значи дека не можат сеопфатно да го измерат расположението во јавноста по тој настан – податоците од таа анкета може да го охрабрат Заев за носење одлука „во вистинска насока“ (која ли ќе биде таа?!).

Имено, иако рејтинзите на македонските политичари и политички партии се очајно ниски, самиот Заев е далеку најподдржуваниот политичар во јавноста во државата со рејтинг од близу 12%, наспроти листата на сите други по него што ја предводи Христијан Мицкоски со 7%, па надолу! И самиот СДСМ, според оваа анкета, води два процентни поени во рејтингот пред ВМРО-ДПМНЕ (19,5% наспроти 17,5%, слично како и во анкетните проекциите за гласањето на локалните избори), а кога тоа би се „искомбинирало“ со коалициските податоци за заедничките потенцијали на локалните избори, таа разлика е поубедлива.

Занимливо, самиот министер за здравство Венко Филипче, во испитувањата на пулсот на македонската јавност на „Брима“, се доживува како еден од ретките македонски политичари кои – иако немаат импресивен вкупен рејтинг! – поседува (како и Пендаровски, впрочем) забележливо повисок капацитет од повеќето други колеги и од владејачката и од опозициската сцена да ги обедини граѓаните околу својот ресорен ангажман: за него „дури“ 41% од испитаниците изразиле благонаклонет став, што е многу повисоко од самиот негов личен рејтинг. (Лошата вест за него е што 56% од анкетираните не го делат тоа благонаклоно мислење, ама ако ги видите другите статистички податоци на овие од власта и опозицијата, денот на Филипче мора да му се чини многу добар!)

Доколку на тоа се додаде безмилосната и, често, непристојна опозициска, партиска 24/7 харанга во врска со пожарот во Тетово, што може да резултира со непредвидливи реакции на јавноста – а, веќе пишував дека тоа сигурно ги обединува најмалку партиските гласачи околу СДСМ и опстанокот на самиот Филипче – станува јасно дека на Заев повеќе му одговара поскоро, одошто подоцна, да се произнесе со свој дефинитивен став за прифаќање или неприфаќање на понудената оставка на министерот за здравство (па и на неговиот заменик, Илир Хасани).

Со други зборови, одлагањето на тешки (за Заев) одлуки во политиката може да има непредвидливи ефекти… Како што е самиот Филипче, во цврста „прегратка“ со Заев, несомнено дел од градењето на перманентно повисокиот рејтинг на СДСМ во однос на нивниот главен политички опонент во последните неколку години, така и контроверзата со неговата оставка може да го „потопи“ тој партиски рејтинг и на локални избори таман за толку, колку значително да се изгубат изборите.

Отсекогаш сум мислел дека старата изрека дека политиката е многу блиска до, наводно, најстариот занает на светот, нема врска со искажување сексистички став. Повеќе е во прашање поимањето за тоа до каде во политиката може да се виткаат принципите, без да се скрши самата осовина што ги држат тркалата да се вртат.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ