ЦИВИЛ одржа јавен настан со презентацијата на Финалниот извештај, анализи и препораки што произлегуваат од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ „Локални избори 2021: Научени лекции“ и со излагања од Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска и членот на ДИК, Борис Кондарко.
Во име на ЦИВИЛ говореа Дијана Тахири, Дехран Муратов и Џабир Дерала.
Стотици извештаи од теренот, пријави од граѓанките и граѓаните, анализи од експертскиот тим и препораки од тимовите на ЦИВИЛ се сублимирани во конечниот извештај на организацијата.