• Latest

(Во живо) Панел дискусија Зелени перспективи: Еколошки криминал-предизвик за македонското законодавство

October 28, 2022

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

(Во живо) Панел дискусија Зелени перспективи: Еколошки криминал-предизвик за македонското законодавство

October 28, 2022 13:05
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Еколошки криминал – предизвик за македонското законодавство“

Учесници на панелот се Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација  на работата на ДИЖС.

Што е еколошки криминал, колку е распространет, како се регулира, како да се превенира, кој е надлежен за негово санкционирање, кои се последиците и кој ја сноси одговорноста за еколошки криминал, но и предизвиците со кои се соочуваат надлежните органи се теми на кои зборуваат учесниците.

-Еколошки криминал претставува незаконито дејствие или чин кој штети на животната средина и предизвикува некои последици, кои последици на некој начин можат да бидат санирани или поправливи, но можат да бидат и непоправливи и тогаш станува збор за посериозни дела во животната средина. Од оние дејства кои ги кажав, како нарушување на животната средина, најчесто споменувани се загадувањето на животната средина, како воздухот, почвата, водата, деградација на живиот свет, намалување на биодиверзитетот, нарушување на еколошката рамнотежа, вели Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и додава дека како последица на еколошкиот криминал, се појавуваат болести, еколошки катастрофи.

-Како пример би ја спомнал поплавата што се случи пред некоја година во Скопје, токму заради тоа што голем дел од шумите беа сечени и се овозможи слевање на водата на обиколницата околу Град Скопје.Сведоци сме на неповратни климатски промени коишто се повеќе заземаат тема на светските форуми. Намален е животниот век на луѓето. Во Скопје знаеме дека имаме големи проблеми со загадувањето на воздухот и проблемите кои се јавуваат како последица, истакна Јовановски.

-Во однос на еколошкиот криминал, во Република Северна Македонија, може да кажеме да од механизмите кои ги имаме и од она што е споменато од Извештајот на ЕК од 2020 година, се уште имаме застарен механизам, што значи дека ние имаме механизам кој што на почетокот во самата истрага, во делот на комуникација со инспекциските служби и со МВР нема доволна координација. На тој начин каскаме зад она што се случува во Европа. Но од друга страна имавме одредби кои бараа надополнување, бидејќи генерално политиката на казнување беше блага. Најголемиот дел од делата коишто се однесуваа на загрозување на животната средина завршуваа на прекршоци, смета Јовановски.

-Кај нас најраспространето е неселективното сечење на дрвја, загадувањето на воздухот и водата, а во последно време се јавува трговија со диви животни, но и испуштање на отпадни води и течни отпади во одредени водотеци во реките во Северна Македонија од поголемите коорпорации, вели Јовановски.

-Во 2020 година направивме платформа наречена „Платформа за еколошка правда“. Во неа учествуваат сите институции во Северна Македонија кои се надлежни за заштита на животната средина, дополнително МАНУ, невладините коишто работат во овој дел, но тука се вклучени и сите експерти кои можат да ни помогнат во решавањето на овие прашања. Имавме интересна дискусија околу начинот на складирање на медицинскиот отпад и од друга страна колку тој отпад ја загадува околината каде што се складира и дојдовме до информација дека повторно имаме проблем околу координацијата помеѓу Министерството за животна средина, инспекциските служби и помеѓу Министерството за здравство, потенцира Јовановски.

Раководителот за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација на работата на ДИЖС, Дарко Блинков вели дека Инспекторат овие 25 години секогаш е отворен, транспарентен и има добра комуникација со граѓанскиот сектор, академската фела, со индустријата, односно со целата засегната јавност.

-Во моментов согласно организациската поставеност имаме три сектори- Сектор за инспекциски надзор во животната средина, Сектор за инспекциски надзор во природата, Сектор за водостопански инспекции како и Секторот за координација на работата, општи и јавни работи и набавки. Во моментов сме 23 вработени, вели Блинков.

-Планирањето го врши врз основа на однапред утврдена методологија за процена на ризици и коефициент на сложеност. Во однос на годишниот план и двата шестмесечни извештаи има едно тело согласно т.н „Чадор“ Закон – Законот за инспекциски надзор, има едно тело инспекциски Совет на Северна Македонија кој врши координација на работата со сите инспекциски служби и врз основа на анализи ја брифира Владата што треба понатаму да се спроведува, вели Блинков и додава еден од новитетите е воведување на т.н е-инспектор. Веќе три инспекторати – управен, пазарен и трудов се дел од оваа платформа.

-Веќе 15 години работиме со еколошкиот криминал или криминалот во животната средина. Мислам дека имаме одлични, искусни експерти во сите институции, само ни фали една добра организација. Имаме и водичи и сметам дека се е во рацете на МВР. Битна е и политичката волја, но и да сакаме и да не сакаме, согласно претпристапното членство во ЕУ, од март се отвора скринингот за поглавјето 27 (животна средина и климатски промени), што значи дека ние ќе влеземе во процедура и секој пат овие извештаи како и за директивата за еколошк извештаи ќе не прашуваат до каде сме. Така што сите тие препораки на некој начин значат облигација и по моја оцена мислам дека за не повеќе од шест месеци можеме да се преструктуираме доколку се формира еден таков оддел во МВР и сите овие институции преку овие водичи и стандарно и оперативни процедури бидат вмрежени. Регулаторниот циклус вели дека треба да имаме многу добра организација, добри делови на законодавството, примена и спроведување на законите. Потоа треба да се направат анализи за во иднина што треба да се менува, потенцира Блинков.

-Со измените на Кривичниот Закон кои што беа барани од Извештајот на ЕК од 2020 година се во постапка и ќе дојдеме во ситуација сите овие работи кои ги разговараме денеска ќе мора многу брзо да ги имплементираме. Сепак клучниот проблем сметам дека е координацијата помеѓу клучните институции и потребно е посебно одделение во МВР, бидејќи од тука почнува целата истрага, со тоа што во иднина ќе мора да направиме напор тоа одделение да се искоординира и секако во делот на судството потребна е реорганизација на обвинителите и судиите во делот на специјализирање за еколошкиот криминал, вели Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи.

Панел дискусијата може да се проследи онлајн на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутјуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел дискусијата е дел од „Зелена читанка“ – Проект за развој на ресурси засновани на факти за подобрување на знаењето и јакнење на јавната свест за зелените вредности, теми, политики и перспективи, што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ