• Latest

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ, демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата

October 9, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ, демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата

October 9, 2025 10:15
in ВЕСТИ, ДЕМОКРАТИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Панел дискусија на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата

На конференцијата се истражуваат дезинформациите, пропагандата и хибридното војување како директни закани за демократските процеси, поткопување на слободата на медиумите, слабеење на одбраната и безбедноста и загрозување на изборниот интегритет.

Панелисти се: Никица Корубин – магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка, Тони Поповски – политиколог, архитект, поранешен министер за животна средина, Сашо Орданоски – Проф. д-р, политички аналитичар, Џелал Незири – Институт Бирц, политички аналитичар, Оливер Андонов – професор на Воена академија, Џелал Хоџиќ – Лидер на политичката партија СДА –Македонија, колумнист и аналитичар и Сефер Селими – Democracy Lab, политички аналитичар.

Модераторка на панел дискусијата е Дијана Тахири од ЦИВИЛ.

Роџер Касале, пред почетокот на панел дискусијата, истакна дека му е особено драго што учествува на оваа конференција и нагласи дека без разлика од која политичка припадност доаѓа дали левица или централна десница треба да негуваме љубов кон демократијата.

Заедно ќе работиме во одбрана на демократијата, Северна Македонија и Европа… Непријателите на демократијата многу добро знаат како функционира демократијата и тие се многу подобро поврзани меѓусебе, отколку ние бранителите на демократијата.

Прогресивните сили не треба да се плашат да кажат дека ја сакаат демократија, дека се борат за демократијата. Да земеме пример од луѓето во Украина, тие буквално гинат за демократијата и за слободата на својата земја“, рече меѓу другото Касале.

Волфган Ресман, истакна дека во цел свет има руска пропаганда.

„Оптимист сум дека демократските сили ќе успеат да го победат десничарскиот екстремизам“.

Никица Корубин – магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка, нагласи дека пред 2.500 години, комплетната морнарица на Атина, во 411 година, чуварите на демократијата беа војниците.

„Денес секој граѓанин е носител на демократијата, не треба некоја морнарица да ни ја чува демоктаријата како во времето во Атина.

Чуварот на демократијата е системот. Но, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот.

Граѓаните во овие 35 години развија поголема свест од политичарите, кои негуваат авторитарен режим.

Авторитарната свест е во постојан судир со демократската свест“, истакна Корубин.

Сашо Орданоски – Проф. д-р, политички аналитичар, истакна дека во минатото жените и робовите немаа никакви права ниту право на глас.

Демос и кратос значи владеење со силата (мечот).

Работата на новинарите не е вистината, туку фактите и контекстот (вистинитоста).

Како да ја објасниш вистината за конфликтот меѓу Израел и Плаестина, како да ја објасниш војната/конфликот во 2001 година на Македонците или Албанците…

Интернетот ќе ја сруши демократијата, алгоритмите те тераат што повеќе да тонеш во своите ставови.

Интернетот ти нудат емоции, лошите вести се повеќе атрактивни и пораширени.

Вистината во демократијата не е една. Системот на образованието е клучно. Уште една лага е „знаеето е сила знаењето е моќ“.

Тони Поповски – политиколог, архитект, поранешен министер за животна средина, нагласи дека имаме најмногу партиски членови по глава на жител, за да си ги остварат своите лични интереси, а не поради идеологија.

„Причите за уназададување на демократијата во ОК како политичките партии го артикулираат бесот на гласачите, тоа добро го прави радикалната левица и десница.

За трагедијата во Кочани и еколошките катастрофи прстот е вперен кон системот, а тоа добро го користи крајната десница и левица.

„Управување со цврста рака“ покажува индексот на тоа како граѓаните ја гледаат уредувачката политика.

Левицата и десницата гневот на граѓаните го насочуваат кон малцинствата, односно наоѓа виновник (верска, партиска, етничка, социјална).

Крајната десница ја враќа црквата во управувањето.

Џелал Незири – Институт Бирц, политички аналитичар, вели дека кога во 90 те години кога транзитираа од еднопартиски во повеќепартиски систем, по направената анкета дојдоа до фрапантни сознанија дека живееле подобро кога им беше полошо.

„Така е во Албанија, Србија и Косово, воглавно земјите од Балканот имаат тенденција на авторитарно владеење.

Администрацијата е наследена од поранешниот систем, и покрај тоа што имаме демократски повеќепартиско гласање.

Има слобода на гласање но има екстремна партизација. Разликата од минатото е тоа што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии.

Граѓаните видоа дека со демократијата видоа дека осиромашуваат, додека политичарите кои влегуваат во политиката излегуваат како бизнисмени.

Демократијата да даде успех, треба на тоа да работиме“, рече Незири.

Оливер Андонов – професор на Воена академија, истакна дека студентите во Воената академија се водат со идејата „честитка – ѕвездичка“, односно да стигне до офицер и потоа ќе стане клиенталист.

„Во партиите нема демократија, има назадување. Функционерите се борат за службена картичка, тендери, секретарка и службен телефон и кога ќе го постигнат тоа веќе стануваат добри клиенталисти и лојалисти. Во партијата повеќе не се разговара ниту за идеологијата. Основата идеологија е интересот, тлиентализмот, а сето тоа се постигнува со лојализам.

Имаме многу необразовани членови во политичките партии. Дел од тие стануваат и функционери. Тие што се пописмени заминуваат од државата, не сакаат да бидат полтрони или клиенталисти.

Националните емоции особено се користат против НАТО и ЕУ. Подршката за Украина полека се губи, еве кажете што направи државата во последниот период за Украина?

Луѓето апстинираат од избори, односно ако излезат да гласаат тие гласаат против, а не за некоја програма.

Џелал Хоџиќ – Лидер на политичката партија СДА –Македонија, колумнист и аналитичар, истакна дека Северна Македонија е во општествена криза.

„Младите веќе немаат интерес да работат во јавната администрација.

Државата влезе во самоизолација. Институциите не се сервис на граѓаните. Ние во последните две години ги заладивме односите со сите соседи, освен со Србија. А тоа значи дека влегуваме во „српски свет“, односно „руски свет“.

Македонската економија нема иднина без Европа. Олигархијата го поддржува овој статус-кво.

Пукнаа полулистичките балони, кога видовме дека актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, дека не го укинаа договорот со Бугарија.

Во демократијата одговорноста е на гласачите кога гласаат, но и на политичарите“, нагласи Хоџиќ.

Сефер Селими – Democracy Lab, политички аналитичар, истакна дека добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор.

„Оваа влада постојано работи во нарушување на меѓуетничките односи, префрлајќи ја вината на една политичка партија.

Не е здраво за општеството да се оди со тезата „Македонија на Македонците“.

Загрижен сум за стабилноста на нашата држава, бидејќи демократијата умира кога имаме безбедносни ризици.

Нашата држава има тенденција да ги следи стапките на Орбан.

Порано надворешен непријател ни беа Грција, па сега ни се Бугарија и по малку ЕУ. Внатрешен непријател тука се Албанците.

Медиумите веќе не се цензурирани туку се автоцензурирани кои немаат критички ставови кон власта“, рече Селими.

Препораки:

Корубин – Демократската свест не значи политичката култура. Цврстата рака ја гледам како функционален систем, а не како авторитарен режим. Демократијата значи дека имаш право да бираш, а во аворитарниот режим немаш право.

Ордановски – Опозицијата е во голема криза. Тенденциите кои ги покажува оваа власт е да премине во автократски режим. Кога ќе се угаси факелот на лулката на демократијата во САД, тие рефлексии се пресликуваат и во нашата држава. Тајните служби на Србија се многу распространети, мислам дека имаат и канцеларија во нашата држава. Вучиќ е повеќе присутен во вестите во Македонија отколку претседателката Сиљановска Давкова, односот е 5:1.

Патриотизам е кога ти функционира системот, но кога нема да функционира системот тие преминуваат на национализам. Сите политички партии гаат национализам. Демократијата ќе ја снема со смртта на само една генерација.

Оваа влада не сака Европска унија бидејќи добро се владее без ЕУ“, заклучи Ордановски.

Поповски – Практично би било да се обединиме во граѓанскиот сектор. Политичките партии теба да го формираат политичкиот центар, дали е тоа центар-лево или центар-десно.

Исто така треба да се отвори дебата за економскиот модел. Јас не знам каде економски се движиме.

Центарот малку да ја намали ароганцијата и да покаже повеќе емпатија.Политичкиот избор секогаш е емоционален избор.

Треба да имаме германски модел на голема коалиција се до влез во Европска унија.

Незири – Треба да имаме реформи. Ние не сме способни сами да направиме да се демократизира државата, и да станеме една Швајцарија.

Не може корумпиран човек да ја сака државата. Тоа исто како домаќин човек да краде од својот дом. Треба искрено да се сака државата, а не да се замота со знаме.

Селими – Авторитарните режими се служат со ширење на дезинформации на социјалните мрежи. Но, ние имаме можност и обврска да превенираме да не дозволиме да победи авторитаризмот.

Андоновски – Најчесто имаме етно-политички конфикти, а не етнички конфликти. Политичките елити не се способни да нè внесат во ЕУ.

Европската унија има моќ да ја насочи кон властите на Северна Македонија, за да се забрза нашето членство во ЕУ. Треба да има поголем медиумски пристап за да се зборува за придобивките од ЕУ. Македонија може наскоро нема да стане дел од Европската унија, но Македонците ќе станат европски граѓани бидејќи ќе се преселат во некоја европска земја.

Хоџиќ – Република Северна Македонија треба да се качи на возот кон Европска унија. И да се зачува приматот дека оваа држава е на сите граѓани.

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што се одржува во Скопјe од 8 до 10 октомври 2025 година, е организирана од ЦИВИЛ – Центар за слобода. Конференцијата е ко-организирана во партнерство со членовите-основачи на Глобалната иницијатива „Одбрана на демократијата“ – Новиот европски граѓански форум (меѓународен) и Медија дијалог (Германија) – и во соработка со партнерските организации на Вестминстерската алијанса за Украина, вклучувајќи ги Centro Studi Internazionali (Италија) и Здружението Жан Моне (Франција).

Оваа конференција е дел од проектот „Демократски навигатор“, финансиран од Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Дехран Муратов

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ