• Latest

Воен претставник во Мисијата на НАТО најдоцна до самитот во Лондон

November 27, 2019
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Воен претставник во Мисијата на НАТО најдоцна до самитот во Лондон

November 27, 2019 15:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Воен претставник во Мисијата на НАТО се очекува да биде избран и испратен до самитот на Алијансата во Лондон, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Таа појасни дека во Министерството за одбрана веќе бил распишан интерен оглас за пројавување интерес за оваа позиција и оти има листа на потенцијални кандидати.

– Имаме список на кандидати кои што ги исполнуваат одредените критериуми и уште во текот на денмешниот ден ќе имам средба со Претседателот и ќе разговараме за предлозите што јас ги имам или што тој ги има. Очекувам ова прашање навистина да се реши во следните денови. Подготовките за Самитот се веќе завршени и ние таму одиме со в.д. Амбасадор, појасни Шекеринска додавајќи дека именувањето на амбасадор во Мисијата во НАТО е во надлежност на МНР.

Таа додаде дека оваа година двојно била зголемена по бројност нашата Мисија во НАТО и во однос на цивилен и воен персонал и очекува до средината на следната година целосно да се комплетира воениот дел од Мисијата.

Запрашана за зголемениот обем на ставката за стоки и услуги во Буџетот за 2020 година, Шекеринска истакна дека најголем дел од тоа зголемување е заради зголемениот обем на меѓународни активности и испраќањето на повеќе луѓе во Мисијата на НАТО, за како и делот од годишната контрибуција за членството во НАТО кој го издвојува МО, како и трошоците во седиштето,односно во новата зграда на НАТО, кои по прв пат се издвојуваат. Но, потенцира, најголемиот дел од трошоците се стандарди трошоци за функционирање на Армијата и тука влегуваат исхрана, превоз, лична опрема, набавка на униформи, резервни делови за оджување неборбена и борбена техника и вкупните трошоци за обука, вежби и школување.

Во однос на обезбедување на новите униформи за припадниците на Армијата, Шекеринска истакна дека се доцни затоа што  претходната фирма со која бил склучен Договорот за нивна изработка не го испорачала потребниот квалитет и условите кои биле наведени. Затоа тој договор бил раскинат, била наплатена гаранцијата и почнале нов процес на јавна набавка кој траел извесно време.

-Штотуку заврши законската управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки. Во текот на минатат недела траеше и период за можни жалби и јас очекувам дека оваа недела ќе го имаме договорот. Според елементите од договорот новата униформа треба да биде на располагање веќе од февруари. Она што направивме оваа година е и докомплетирање на свечената униформа. Очекувам дека и таа во следните два до три месеци ќе биде комплетирана. Наша цел е буквално членството во НАТО да го одбележиме со целосно нова униформа – и борбена и свечена, рече министерката за одбрана./МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ