• Latest
Demonstration in support of Ukraine, which was attacked by the Russian army, was held in Brno, Czech Republic, February 27, 2022. (CTK Photo/Vaclav Salek)

Војна во Украна: ЕУ нема да дозволи формирање марионетска влада во Украина, Лавров го откажа патувањето во ОН во Женева

February 28, 2022

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Војна во Украна: ЕУ нема да дозволи формирање марионетска влада во Украина, Лавров го откажа патувањето во ОН во Женева

February 28, 2022 15:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ, ТОП 5
Demonstration in support of Ukraine, which was attacked by the Russian army, was held in Brno, Czech Republic, February 27, 2022. (CTK Photo/Vaclav Salek)

Demonstration in support of Ukraine, which was attacked by the Russian army, was held in Brno, Czech Republic, February 27, 2022. (CTK Photo/Vaclav Salek)

Share on FacebookShare on Twitter

Високиот комесар за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел во интервју за шпанската јавна телевизија ТВЕ денеска изјави дека Европската унија нема да дозволи преговорите меѓу Русија и Украина да завршат со „воспоставување марионетска влада“ во Киев.

– Сите војни завршуваат, но треба да се види на кој начин. Тоа не смее да се случи и нема да дозволиме ова да заврши со задушување на слободите на Украинците и нивната легитимна Влада, која би била заменета со марионетска влада, како што се случуваше во времето кога Русија беше дел од Советскиот Сојуз, рече Борел.

На границата меѓу Белорусија и Украина денеска почнаа преговори меѓу Москва и Киев.

Рускиот претседател Владимир Путин во неделата нареди руските нуклеарни сили да се подигнат на високо ниво на подготвеност, оправдувајќи го тоа со агресивни изјави на НАТО и економски санкции против Москва. Во исто време, ЕУ најави дека ќе додели 450 милиони евра на украинските вооружени сили за набавка на оружје и дополнителни 50 милиони евра за набавка на заштитна опрема и гориво. НАТО денеска соопшти дека ќе и достави на Украина ракети за противвоздушна одбрана и противтенковско оружје.

– Самото спомнување на нуклеарно оружје е апсолутно неодговорен потег. Тоа многу добро го опишува господинот Путин, рече Борел (74).

Борел тврди дека конфликтот може да се прелее во Молдавија и Грузија, каде што отцепените региони со руско население веќе функционираат како држави, но без меѓународно признание. Тој смета дека влошување може да дојде и на просторот на поранешна Југославија.

– Се плашиме дека може да има повеќе конфликти, на пример на границата со Молдавија, или дека нешто може повторно да се случи на Балканот. Загрижени сме поради тоа. Или во Грузија, каде Русија изврши агресија во 2008 година. Јас лично сум загрижен, рече Борел.

Мишел: Меѓу членките на ЕУ има различни мислења за проширувањето со Украина, но дебата секако ќе има

Меѓу 27-те земји членки на ЕУ има поделеност околу проширувањето на Унијата, откако Киев денеска побара членство во екот на руската инвазија, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

-Во ЕУ има различни ставови и чувствителност во однос на проширувањето, рече тој.

Украинскиот претседател Зеленски во екот на руската инвазија на ЕУ денеска побара итен прием на Украина во Унијата.

-Бараме од Европската унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно, рече украинскиот претседател

Мишел, меѓутоа, појаснува дека Киев ќе треба да поднесе формална апликација за пристапување, по што земјите-членки ќе треба да излезат со едногласна позиција.

Претходно денеска претседателот на Европскиот совет изјави дека треба да се разговара за евентуалното членство на Украина во ЕУ.

-Ова се дебати кои дефинитивно ќе се одржат, рече тој на прашањето дали ЕУ е подготвена да ги отвори вратите за Украина. „Но, ние веќе имаме многу силен договор со Украина што треба да се засили“, рече Мишел.

-Тоа  ќе ги зајакне економските и политичките врски со Украина, додаде тој.

ЕУ очекува Србија да се усогласи со санкциите против Русија

 Европската комисија денеска стави на знаење дека очекува од сите земји кандидати за членство во ЕУ да се усогласат со политиката на санкции против Русија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Србија ја осуди инвазијата на Украина од страна на руските сили, но не усвои санкции на линија на Европската Унија против Русија. Европските челници вчера и денес повторија дека очекуваат од Белград тоа да биде сторено.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел вчера ги повика земјите од Западен Балкан да се усогласат со санкциите против Русија.

Од Европската комисија денеска повторно пристигна истата порака: усогласувањето со одлуките и мерките во областа на надворешната политика на ЕУ е дел од процесот на зачленување во ЕУ.

-Знаеме дека единството и одлучноста да делуваме се нашата сила, ЕУ и партнерите преземаа силни мерки како одговор на дејствијата на Русија, земјите кандидати како Србија се очекува да се усогласат со одлуките во областа на надворешната политика, очекуваме сите земји кои сакаат поблиски односи со ЕУ да се усогласат со политика на санкции, рекоа портпаролите Ана Писонеро и Ерик Мамер на денешниот брифинг за новинари.

Комисијата не спомена опција за замрзнување на преговорите со Србија доколку тоа не биде сторено и порача дека усогласувањето со надворешната политика на ЕУ е процес кој може да потрае.

ЕУ предупреди дека Белорусија би можела да почне процес да биде „домаќин“ на руско нуклеарно оружје

Европската унија денеска предурпеди дека Белорусија би можела да почне со процес да биде „домаќин“ на руско нуклеарно оружје, по „многу опасната“ одлука на референдумот за откажување од ненуклеарниот статус на државата.

-Знаеме што значи за Белорусија да биде нуклеарна. Тоа значи дека Русија ќе стави нуклеарно оружје во Белорусија и ова е многу опасен пат, рече шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

На вчерашниот референдум за новиот устав, со кој Белорусија се откажува од својот ненуклеарен статус, според официјалните податоци за него гласале 65 отсто од граѓаните.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека би можел да бара од Русија да го врати нуклеарното оружје во Белорусија.

– Ако (Западот) распореди нуклеарно оружје во Полска или во Литванија, до нашите граници, тогаш ќе му се обратам на Путин да го врати нуклеарното оружје што го дадов без никакви услови, истакна Лукашенко.

Западните земји претходно соопштија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот, што се одржуваше во атмосфера на пресметка со белоруската опозиција и противниците на режимот на Лукашенко.

Аирбнб: Бесплатно сместување за 100.000 украински бегалци

Компанијата за изнајмување сместувачки капацитети, Аирбнб, објави денеска дека нејзината непрофитна организација, Аирбнб.орг, ќе им понуди бесплатно привремено сместување на, најмногу, сто илјади украински бегалци.

Водачот Брајан Чески и претседателот на организацијата испратија писма до лидерите на Полска, Романија, Германија, Унгарија, со понуда за помош за сместување бегалци.

Најмалку триста илјади украински бегалци влегоа во Европската унија од почетокот на руската инвазија врз земјата. Според високи претставници на ЕУ и на Франција, Унијата се подготвува за милиони бегалци.

Престојот ќе биде финансиран од Аирбнб, донатори од фондот за бегалци на Аирбнб.орг, како и нејзините домаќини.

Лавров го откажа патувањето во ОН во Женева

Рускиот министер за надворешни работи го откажа патувањето во Обединетите нации во Женева поради „антируските санкции“ наметнати од земјите на ЕУ, соопшти денеска руската мисија во Женева.

Лавров, кој требаше да се обрати пред Советот за човекови права на ОН и на Конференцијата за разоружување во вторник, го откажа своето патување „поради невидена забрана за неговиот лет во воздушниот простор на голем број земји на ЕУ кои воведоа антируски санкции“, објави мисијата на Твитер.

Русија забранува летови на авиокомпании од 36 земји, вклучувајќи ги Велика Британија и Германија. Руската управа за цивилна авијација соопшти дека ги воведува ограничувањата „како одмаздничка мерка за забраната од европските држави за летови на цивилното воздухопловство управувано од руски авиокомпании или регистрирани во Русија“

Русија ја обвини британската министерка Лиз Трус за тоа што Москва ги стави нуклераните сили во состојба на специјална борбена готовност

Кремљ тврди дека претседателот Владимир Путин ги ставил руските нуклеарни сили за одвраќање во висока готовност по изјавите на министерката за надворешни работи на Велика Британија Елизабет Трус, пренесува Гардијан.

Според новинската агенција Интерфакс, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на брифинг со новинарите одлуката за поставување во состојба на готовност на оружјата за одвраќање, меѓу кои и нуклеарното, ја правда со изјави од западни дипломати, пренесува Гардијан.

– Беа дадени изјави од различни претставници на различни нивоа за можни препукувања, па дури и конфликт и судири меѓу НАТО и Русија. Сметаме дека таквите изјави се апсолутно неприфатливи.

– Не би ги именувал авторите на овие изјави, иако тоа беше британската министерка за надворешни работи, прече Песков.

Би-Би-Си посочува дека не е јасно на кои коментари на Трус се противи руската влада, иако во неделата таа рече дека ќе поддржи поединци од Велика Британија да се приклучат на меѓународните сили за да се борат за Украина.

Рускиот тајкун Дерипаска бара да се стави крај на „државниот капитализам“

Рускиот тајкун Олег Дерипаска денеска рече дека е време да се стави крај на „сиот овој државен капитализам“ и да се сменат политиките, бидејќи економијата на земјата се повлекува од ефектите на западните санкции поради нападот на Москва врз Украина.

-Неопходно е да се промени економската политика, неопходно е да се стави крај на овој државен капитализам, рече Дерипаска на апликацијата за пораки Телеграм. Тоj побара „објаснувања“ од официјалните лица за тоа што ќе се случи со економијата во следните три месеци.

Д.М.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ