• Latest
Фото: МИА

Вработените во ДИЦ го продолжуваат штрајкот, бараат од МОН да ги измени датумите за полагање на матурата

May 8, 2023
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија пред избори: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Светските цени на храната во пораст: Ризик од нов бран поскапувања во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Дерала за тие што работат за Трамп: Пристоен човек никогаш не би прифатил да работи за овој претседател

October 21, 2026

Деца убиени во парк, дронови врз болници и електрани – нов ден на руски терор во Украина

October 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Вработените во ДИЦ го продолжуваат штрајкот, бараат од МОН да ги измени датумите за полагање на матурата

May 8, 2023 12:49
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Неуспешни два состанока имал синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) за кој е неприфатлива понудата од Министерството за финансии по околу илјада денари зголемена плата за вработените. Вториот состанок бил во четвртокот во МОН, во присуство на министерот за образование и претставници од Министерството за финансии.  Вработените во ДИЦ го продолжуваат штрајкот и денеска побараа од МОН да го измени календарот за полагање на државната матура затоа што нема да стигнат да ги завршат обврските до 27 мај кога е тестирањето по првиот екстерен испит, пренесува МИА.

Претседателка на синдикалната организација на ДИЦ, Емилија Бошковска, на прес-конференција изјави дека е невозможно и неизводливо да се постигнат датумите за матурата (27 мај и 10 јуни), а нивното барање до МОН за промена на календарот  автоматски би значело и пролонгирање на резултатите од матурата.

-Бараме министерот за образование да почне да разгледува и да преговара со нас кои се следните можни опции за нови термини за државна матура.  Искрено се надевам дека ова пролонгирање нема да биде големо, но ќе зависи од нивниот одговор, односно од одговорот на Министерство за финансии. Спремни сме да работиме деноноќно за да ги реализираме обврските особено околу државната матура. Не сакаме да им наштетиме на матурантите со какво било пролонгирање на резултатите, но веќе во прашање се минути, не денови, истакна Бошковска, додавајќи дека не од нив, туку се зависи дали ќе добијат позитивен одговор од Министерството за финансии од кое бараат согласност за нивниот колективен договор.

На прашањето кои би биле последиците за матурантите и нивното запишување на факултет, таа одговори дека не сакаат никого да оштетат.

-Во Македонија уписите се подоцна, а за тие што се запишуваат во странство им се битни. Пак се надевам дека ова нема да значи големо пролонгирање. Можеби денеска ако почнеме, би направиле нешто за да ги постигнеме датумите. Зависи од заедничките напори и договорот помеѓу министерствата за финансии и за образование и наука, рече претседателката на синдикатот на ДИЦ.

Во синдикатот се вклучени сите 29 вработени на ДИЦ и, како што рече Бошковска, има несогласувања околу штрајкот, но се уште се здружени.

-Поголемиот дел од вработените, 20 вработени,  се уште се во штрајк, додаде Бошковска.

Тие го одбија предлогот на Министерството за финансии решението да се најде во Законот за административни службеници затоа што на тој начин би добиле само по илјада денари покачување на платите. На 11 од вкупниот број вработени  платата им е околу 20.100 денари, а советниците примаат 26 илјади.

На прашањето колкаво е точно зголемувањето што го бараат, таа одговори дека се работи за околу 25 отсто вкупно покачување.

-Нема конкретни суми затоа што станува збор за измена на колективниот договор и на секоја работна позиција е различен процентот  на покачување бидејќи беа сублимирани во едно… Некои работни позиции ќе бидат 20, некаде 30, во зависност од тоа  каков е распонот, повеќе зависи како сме го направиме распонот на работните позиции, рече Бошковска.

Таа е незадоволна и од тоа што од буџетот на ДИЦ се резервирани средства за пренамена односно за платите на функционерите.

-Значи, 270 до 300 илјади денари се веќе резервирани за нивните плати, а нам  ни е понудено по илјада денари од човек, додаде претседателката на синдикатот на ДИЦ.

 

Tags: ДИЦматураПолагањеШтрајк
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ