• Latest

Вработен во МНР до новинар: „Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“

February 2, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Вработен во МНР до новинар: „Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“

February 2, 2018 10:54
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако поставиш прашање, никогаш нема да добиеш интервју“, изјави вработен во МНР, по прес конфренцијата на Никола Димитров и медијаторот Метју Нимиц.

Со овие зборови Јане Лазевски од МНР се обидел да го замолчи новинарот на ТВ21, и да не му дозволи да постави прашање на прес конференцијата, по средбата на министерот Никола Димитров и посредникот Метју Нимиц. Но, новинарот  постави прашање, а за да добие збор, се согласи и меѓународниот посредник, барајќи внимание за прашањето што ќе му биде поставено.

Новинарот на ТВ21 започна да го поставува прашањето без микрофон, а во текот на поставувањето на прашањето, беше предупреден од страна на Лазевски за да не ја доврши реченицата.

По завршувањето на прес конференцијата, други вработени од министерството му се заканија на новинарот со одземање на акредитацијата и упатување на протестна нота до редакцијата. За да се расчисти случајот, редакцијата побара официјален став од МНР во врска со инцидентот. ТВ21 побара објаснување дали е ова официјален став на МНР,или само на еден вработен во министерството, но одговор од таму се уште нема. Во текот на денот, други претставници на министерството се јавија на телефон во редакцијата, но не дадоа официјален одговор, упатувајќи ја редакцијата, барањето да го испрати по писмен пат.

За инцидентот реагираше и ЗНМ, од каде овој настан го оценија како притисок врз медиумите.

„Остро го осудуваме однесувањето на претставникот на МНР, кој што денеска во текот на прес конференцијата на посредникот Метју Нимиц, се обиде да го спречи новинарот на ТВ21, Фуркан Салиу да постави прашање. Овој обид на МНР е целосно неприфатлив и ја загрозува слободата на медиумите и правата на граѓаните да бидат информирани за прашања од јавен интерес. Слични инциденти ја оцрнуваат сликата на новата влада и ја уриваат довербата кај граѓаните за работата на владата. Бараме од МНР да го истражи случајот и да преземе одговорност за лицето, со цел да се спречат слични инциденти во иднина. Го поздравувам колегата Салиу кој што му се спротивстави на притисокот и продолжи да дејствува според професионалната етика служејќи му на јавниот интерес“, велат од ЗНМ.

МНР не испрати официјален одговор за овој инцидент.

Фуркан Салиу

Превземено од ТВ21

Tags: инцидентМНРновинарТВ21Фуркан Салиу
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ