• Latest

Времето повторно (не) работи за нас

November 6, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Времето повторно (не) работи за нас

November 6, 2023 11:55
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

ТОНИ ПОПОВСКИ

Ако може да се издвои еден заклучок врз основа на кој беа носени стратешки битни политички одлуки, а кој како држава и општество го имаме прескапо платено и сè уште го плаќаме, е дека „Времето работи за нас“.

Времето од нашето осамостојување како држава никогаш не работело за нас. Напротив времето и развлекувањето на потребата од навремено правење продуктивни стратешки прилагодувања на околностите дома и во опкружувањето, па и компромиси, секогаш работело за оние кои од асиметрична позиција на реално поголемо влијание и моќ, испоставуваа не ретко и радикални барања кон нас, поаѓајќи од самата суштина на трансакциските односи, каде на почеток се бара невозможното за да потоа се оптимизира можното. Заблудата дека „Времето работи за нас“ ја плативме со болни прилагодувања и понеповолни компромиси од тие кои можевме и требаше да ги направиме многу порано. Сега некој не убедува дека оваа лекција не е вредна за учење и дека „Времето повторно работи за нас“.

Времето никогаш не работеше за нас, но сепак работеше и тоа многу продуктивно за одржување на внатре-политички рејтинг на водства од различни политички провиниенции кои не беа подготвени за носење на непопуларни политички одлуки. Тие прагматично и првенствено купуваа време за себе и за опстојување на власт, не за државата и не за нас како нејзини граѓани. И сега повторно слушаме дека не е време за уставните измени и продолжување на преговорите и дека треба да бидеме трпеливи бидејќи (наводно) ќе се промени политичката констелацијата во ЕУ, дека новата европска владеачка елита ќе ја осознае неправдата направена кон Македонија, ќе ја даде таа егзистенцијална гаранција за идентитетот без која наводно ќе не снема, ќе ја повлече рамката за преговори и притоа ќе ни се извини, и дека за година, две или три ќе се промени начинот на одлучување, превенирајќи каприциозни вета, или сето ова ќе отиде во неврат и дека ништо не вреди да се направи бидејќи ЕУ одвнатре ќе се распадне. Овие тврдења доколку се преточат во национална политика по претстојните избори, многу поизвесно е дека ќе не воведат во нов период на загубено време и можности со сите придружни ризици во драматично видоизменети геополитички околности. Ризици кои се тешки за адресирање и навигација.

И повторно во позадина на овие тврдења е поклонувањето на неговото височество – внатрешно политичкиот рејтинг наспроти општиот интерес на граѓаните, кои сакале или не, свесно или несвесно, станавме негови поданици. И за воља на вистината, податливи сме за поданици на рејтингот поради сопствениот нагласен хелиоцентризам, особено типичен за Западниот Балкан и неговите мали нации со пропорционално мало меѓународно влијание, кои се убедени дека планетава, а повремено и сонцето се врти околу нив. Особено балканските популисти не пропуштаат можност, а да не го подгреат националниот хелиоцентризам. На поданиците на рејтингот, во недостаток на храна, но со прикладна понуда на колачи, вино и панаѓурска забава, најбитно од се’ е да им се понуди претстава односно илузија за непропорционално значење и влијание. Нацијата кога навечер ќе заспие да се разбуди горда, со крената глава, зачувана фризура и освежено национално тело, без оглед на незавидната состојба во фрижидерот или на трансакциската сметка на многумина.

Кои можности ќе ги пропуштиме доколку „Времето работи за нас“?

Ќе пропуштиме можност, нашите загрижености, а дел од нив се легитимни, да ги адресираме сите заедно на преговарачкиот астал со ЕУ27 (Меѓувладината Конференција), на кој и во моментов седиме но истовремено пишуваме известување за наводно „оправдано отсуство“. Тоа столче е жешко, и секако дека барем времено поудобни се фотељите и троседот во раскошната домашна политичка канцеларија. Тоа столче декомфорира, наспроти времениот комфор за неколкумина и неизвесноста која ќе не затече сите, кога ќе се подразбудиме од емотивната егзалтација, и ќе мораме да му се вратиме на резонот, впрочем како и неколку пати порано кога сме биле на ист или сличен емотивен крстопат, и кога резонски бидејќи увидовме дека времето работи за некој друг, правевме понеповолни компромиси. Ќе пропуштиме можност, храброста, и принципиелноста да ги манифестираме и аргументите да ги кажеме директно, лице во лице, со лидерите на Европјаните, доколку се случи некаков обид за блокада која е неповрзана со европското право, наспроти довикување и покажување сила и храброст од удобната домашна политича фотелја. Такво довикување само од дома, колку и да се трудиме да бидеме гласни, во оваа геополитичка бучава, во западните метрополи ќе се восприеми како неартикулирано и нејасно балканско ехо. Нема да бидеме на маса за да дообјасниме како се чувствуваме и дали и како резонираме, иако на таа маса нашето столче одвреме навреме ќе го забришат хигиеничарите во ЕУ, колку да не фати прашина.

Ќе пропуштиме да направиме сериозен, видлив и измерлив гест со кој најдиректно би ја зајакнале нашата меѓународна позиција. Во спротивно и на нечие големо задоволство сами ќе се дефакторираме, односно ќе ја поткопаме довербата во нас, и ќе ја намалиме позитивната репутација која ја имаме, но ја преплативме со задоцнети прилагодувања и компримиси, бидејќи нали, времето отсекогаш работело и сè уште работи за нас.


Извор: Рацин.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУЕУ27Тони Поповски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ