• Latest

Вресок

March 17, 2019

Партии на Босна и Херцеговина и опозицијата од Република Српска потпишаа Политичка платформа за мир

May 10, 2025

Албанија во изборен молк; Јавните политички активности „замрзнати“; Битката се сели на гласачките кутии во недела

May 10, 2025

Стармер, Макрон, Мерц и Туск во Кијив повикаа на поддршка на Украина и прекин на огнот

May 10, 2025

Терас од ЕП покренува иницијатива: Кошта да ја откаже посетата во Белград поради присуството на Вучиќ на воената парада во Москва

May 10, 2025
Фото: Х

ОЈО Штип отвори постапка против пет лица – за убиство и помагање по извршено кривично дело

May 10, 2025
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Вресок

March 17, 2019 10:54
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

“In vino veritas”

Преполно со теми за муабетење неделава, од ризично-смешно небулозни до многу тажни случувања во светот.  Паралели со Нирнбершкиот процес, исклучување на Албанците како составен народ во државата од говор на еден лидер па се до грозоморниот терористички настан во Нов Зеланд.  Изгледа така тече животот, тука се смееме, следниот момент плачеме, а потоа се плашиме за сопствените ни животи.

Валбона Река

Како малечки бевме четири другарки, Анче, Тања, Лале и јас.  Многу лудории правевме , а креаторот на лудите идеи често бев јас.  Еднаш, занесена од филмовите на Џејмс Дин, предложив да одиме на пикник на пољаната којашто беше на среде некаков терен за вежбање на Југословенската Армија.  Прескокнавме жици и со корпите полни со храна бевме спремни да се сместиме.  Куршумите што почнаа да пиштат наоколу, од некоја си војна вежба на армијата не натераа да трчаме заборавајќи ги и корпите и чергичките што ги бевме прострале… Друг пат отидовме навечер на гробиштата блиску до нашето маало и врескаме на цел глас на сред гробишта… Денес се прашувам-кому тоа му пркосевме!?… Но, најомиленото нешто ни беше да се возиме со точаците по населбата.  Возевме со часови.  Се пикавме по најнепознатите улички.  Еднаш толку се заборавивме, се оддалечивме и се изгубивме во времето што дома се вративме многу касно навечер.  Следното утро мајка ми ми раскажа што се имаше случено некаде во Србија.  Ниш ли, Нови Сад ли беше, не ми текнува. Дали мајка ми  раскажувајќи ја случката сакаше индиректно да влијае на мене, да бидам претпазлива, не знам, но јас тогаш од дома не излегов два дена. Некој си маж -раскажуваше мајка ми,  примамило девојченце во неговиот дом и ја убил, го исекол нејзиното тело на парчиња…  Стуткана во мојата собичка под ќебенцето не сакав да чујам ни за точак, ниту пак за пикници.  Молењето на Анче велејќи ми дека го донеле рингишпилот, и од убавиот сладолед во слаткарницата до рингишпилот во маалското корзот во Сингелиќ – ме извлекоа надвор, а и од умот ми ги оттргнаа сликите на девојчето во Србија.

Денес е втор ден откако не сум излегла од дома.  Затворена во моето катче, со чаша црвено вино од кое едвај голтка голтнувам, ја читам “Волшебниот рид” од Томас Ман.  Но, од десетта страница никако да мрднам.  Што ми требаше да го гледам видеото на лудакот како пука во луѓето во Нов Зеланд!?  Бил низ Балканот рекоа.  Шетал наоколу и никој да не го препознае лудилото во него!

Има ли крај на омразата меѓу луѓето!? Или, како да ставиме крај на нетрпеливоста на различностите!? Не има ли доволно од нас што можеме да ги смениме лудаците!?

Не, јас од десетта страница очигледно не мрднувам.  Кој избор преостанува за да не потонам во гнев и страв од толку омраза во нашата држава и од толку свирепост низ светот!? Некој магичен, сончен брег, некаде на некој остров кадешто има само зеленило и животни од тие питомите, сигурно би ми било убаво засолниште…

Хммм, но, за почеток, ги обувам патиките, го облекувам дуксот и правец на пешачење на Водно, на пркосење на омразата! Да, и ќе вреснам на цел глас, да го прочистам гневот и го исфрлам стравот…

 


Илустрација: Adam Jones, Artwork of World War Two Suffering

 

Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share84Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ