Вториот ден од предизборната кампања, караванот на Коалицијата „Можеме“ ќе ги посети општините Охрид и Бутел.
Оливер Спасовски ќе оствари средба со граѓаните во Општина Бутел, а Сања Лукаревска, ќе даде изјава за медиуми.
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, ќе даде изјава за медиуми во Македонска Каменица.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска ќе ги посети општините Вевчани, Струга и Ресен.
Владо Мисајловски ќе ја посети општина Куманово, а Игор Јанушев ќе биде во Велес.
Александар Николоски ќе ја посети Гевгелија, а Игор Дурловски ќе го посети Охрид.
Прес-конференција пред зградата на Основен суд ќе одржи Стево Насковски, од Македонски концепт.
Коалицијата Алијанса за Албанците и АлтернАтива ќе ја одржат промотивната конвенција за кандидати за пратеници на парламентарните избори во 2020 година во Тетово.