• Latest

За демократијата, големата манипулација и чоколадната обланда

July 30, 2020
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За демократијата, големата манипулација и чоколадната обланда

July 30, 2020 14:56
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Македонија не е демократска држава. Не беше демократска како Република Македонија, не е демократска ниту како Република Северна Македонија.

Ниту една владејачка структура до сега немаше капацитети да ги воспостави темелите на демократијата во државата.

Во периодот до 2006 година постепено се ограничуваа каналите на влијание на граѓаните во процесите на одлучување. Во периодот од 2006-2016 година (кога на власт беа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) власта најотворено се спротивстави на било кој облик на учество на граѓаните во процесите на одлучување (на било кое ниво од остварувањето на власта), обидите за искажување поинакво мислење беа казнувани, институциите ги претвори во испостави на партијата, ги уништи сите контролни механизми кои можат да бидат искористени од страна на граѓаните и воспостави систем на автократско владеење.

Граѓаните ја срушија автократската владејачка структура, меѓутоа не успеаја да се изборат за демократизација на општеството.

Наместо отворената и груба автократија од претходниот период, беше воспоставен систем на божемна демократија и изигрување на демократските институти и институции, до ниво на измотавање и нивно претворање во смешни карикатури.

Само како пример, да го погледнеме последниот случај со Универзалната сала.

На 24.07.2020 година на официјалната страна на град Скопје е објавен конкурс за избор на идејно решение за парк на местото на Универзална сала.

Не е отворена јавна расправа, не е отворена дебата, не се презентирани различни опции за кои треба да се дискутира и да се слушне мислењето на граѓаните и на експертите (од различни бранши). Не. Распишан е конкурс за идејно решение и дури и комисија за оцена на идејните решенија има.

Граѓаните изреагираа.

Затоа што не беа прашани што мислат.

Резултатот беше:

Прво, градоначалникот направи замена на теза. Своите лични разговори со некои луѓе (за кои тој тврди дека се архитекти), за кои не постојат ниту записници ниту било каква друга трага (значи не знаеме дали воопшто постоеле такви разговори дури и во кафеана), тој ни ги прикажува како консултации. На овој начин тој своето автократско делување и одлучување сака да го маскира како процедура, а побуната на луѓето да ја  претстави како отворање јавна расправа, дебата, разговор.

Шилегов денеска рече дека нема одлука за Универзална сала. Тој најави три опции кои се разгледуваат: Уривање на Универзална и изградба на нов објект на постојната локација, рушење на дотраениот објект со дислокација и заштита на просторот со конкурсот за идејно решение за парк.

Наспроти на ова тврдење, во спомнатиот оглас се вели:

Второ, еден од членовите на веќе назначеното жири ни соопшти дека ова е всушност доказ дека нештата се смениле.

Сегашната „бука“ во јавноста, односно учеството на јавноста во овој процес е нешто што досега сме го немале, иако многу слични објекти и згради поминале низ вакви постапки, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, по низата реакции за можните решенија за иднината на Универзална сала.

Доказ дека не станува збор за никаква суштинска промена, е самото тоа што реакцијата на граѓаните дотичниот советник на градоначалникот,  прво, ја нарекува “бука“, а второ, спонтаната и потполно неорганизирана реакција на граѓаните во моментот кога разбираат дека некој нешто прави зад нивниот грб, ја поистоветува со организиран начин на прибирање мислења од граѓаните и ја прикажува како дел од демократските процедури.

Како би се одвивало ова во една демократска држава?

Прво, би постоел развоен план на градот. Визија изградена врз основа на претходно направени мултисекторски анализи, истражувања, компаративни студии (во чија изработка учествуваат професионалци, стручњаци од различни област) и врз основа на анкети, дебати, јавни расправи, на различни начини собрани мислења на граѓаните.

Второ, секоја позначајна промена во урбаната средина би се одвивала во повеќе фази (идентификување на потребата од промена, разговори со граѓаните, презентирање на различни алтернативи, разговор со граѓаните за секоја од алтернативите, употреба на алатките на непосредна демократија (референдум).

Трето, подготовка на можно решение (кое како најприфатливо произлегло од претходно направените стручни анализи и расправи со граѓаните), кое се претставува пред граѓаните, се објаснува и образложува со можност за влијание на граѓаните во дооформувањето на конечното решение.

Четврто, донесување конечна одлука.

Не се работи за тоа властодржецот да се повлече кога ќе биде фатен дека направил грешка, туку да ги спроведува процедурите на начин кој овозможува најголемо можно вклучување на граѓаните во одлучувањето. Се друго е недемократски процес спакуван во обланда од лаги и манипулации.

Примерот со Универзалната сала не е најлошиот. Ама е најсвеж. И многу очигледен. Ова е пример од кој многу јасно може да се види и отсуството на елементарно разбирање на власта што значи информирање на граѓаните, барање нивно мислење и донесување одлуки во корист на граѓаните.

И, мислам дека ниту еден властодржец не го разбира членот 2 од Уставот на државата според кој: “Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.“

Наместо избраните претставници на граѓаните да бидат алатка за остварување на  потребите и интересите на граѓаните, тие се претвораат во узурпатори на имотот на граѓаните со кој самоволно и потполно неправно располагаат по свое наоѓање, или, уште полошо, во свој интерес и своја корист.

Не, Македонија не е демократска држава.

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ