• Latest

За ДИК

July 20, 2020
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За ДИК

July 20, 2020 21:21
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: МИРЈАНА НАЈЧЕВСКА

Прво „падна“ системот или некој го падна или можеби системот си беше во ред, ама некој си ги собра компјутерите да ги среди малку, или е ова баш добар изговор за манипулација со изборните резултати, или…

Потоа, почнаа да исчезнуваа и да се појавуваат гласачки ливчиња. Чиста магија.

Потоа, почнаа да се селат гласачките ливчиња наваму-натаму (со и без палење на возилата за пренос).

Потоа, се појавија разноразни графикони и табели и неофицијани резултати и… кои секако беа демантирани.

На крај, ни соопштија дека изборите се супер, дека приговорите се отфрлени и дека е срамота што некому воопшто му паднало на памет да се посомнева во чесноста и стручноста и независноста и интегритетот на членовите на ДИК.

Сеедно, главно е дека нема одговорен, нема казна, нема последици за ова да не се повтори во иднина.

Една од неколкуте институции кои беа посочени како органи кои треба да се реформираат, професионализираат, да бидат извадени од под шепите на политичките партии и да биде заштитена нивната независност, во Извештајот на Прибе и кои континуирано се посочуваат во извештаите на Европската комисија, е токму ДИК.

Според Извештајот на Прибе: “Државната изборна комисија игра главна улога во надгледувањето на изборите. Секое мешање во нејзината работа е неприфатливо. Комисијата, како независно тело, треба да развие култура на обединувачки пристап кон нејзината работа заснован на нејзиното широко искуство и треба да се воздржи од носење на одлуки со мнозинство според политичките табори. Треба сериозно да се размисли за назначување на значителен број на членови на Комисијата кои се со докажана независност и немаат никакви партиски врски.“

Според извештаите на ОБСЕ/ОДИХР треба да се тргне партиското влијание за да има фер и демократски избори.

Според извештаите на Европската Комисија: “Треба да се најде одржливо решение за составот на ДИК на транспарентен и инклузивен начин…“.

Тоа е онаа ДИК во која членуваа луѓе кои злоупотребија државни пари за патни и други лични трошоци и за тоа не беа повикани на одговорност. Тоа е истата таа ДИК во која членуваа луѓе кои им го одзедоа правото на глас на илјадници граѓани на изборите во 2016 година и за тоа не одговараа. Тоа е истата таа ДИК во која секој состав со години се преправа дека го прочистува избирачкиот список без никаков резултат. Тоа е онаа ДИК која смета дека информациите за потрошените пари на граѓаните на мобилни, опрема и бонуси за членовите на ДИК „не се од јавен карактер и од тие причини истите не можеме да Ви ги доставиме во начин и форма во кои ги побарувате“. И тоа е истата онаа ДИК која во изминатите години не виде ни полнење кутии, ни бугарски воз, ни фамилијарно гласање, ниту било каков прекршок кој има влијание на крајниот резултат од гласањето.

И ова е доказ дека ако не во друго во Македонија има континуитет во проблематичното работење на ДИК кое очигледно им е во интерес на партиите кои ја диктираат играта избори.

Што се случи во изминатите неколку години?

Партиите преговараа и се договараа и се договорија дека ДИК треба да продолжи да си работи како и до сега. Не Собранието, не експертите, не државните институции, туку партиите. Затоа што не можеле да најдат заеднички партиски јазик.

Пред јавноста излегоа со вообичаените изјави: „се залагаат и ги прифаќаат забелешките на Прибе“, „нема бегање од нов модел за ДИК, бидејќи тоа е обврска од препораките на комисијата на Рајнхард Прибе што мора да се имплементираат до јуни 2019“.

Во пракса, решија да не ги почитуваат овие препораки.

Се стекнува впечаток дека ваквата ДИК баш им одговара на политичките партии кои можат до бесвест да глумат демократија пред граѓаните и исто така до бесвест да го манипулираат изборниот процес и да се измотаваат со правото на избор.

А во меѓувреме, добро гледајте каде одите, да не најдете некое загубено гласачко ливче како го разнесува ветерот. За чесниот наоѓач сигурно следи казна.

 

Сите права се задржани.  ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Тесктот е личен став на Авторката.
Share82Tweet51Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ