Парламентот ќе работи до 10 септември кога претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува да почне кампањата за референдумот, што, пак, веќе е закажан за 30 септември. Иако предлагачи на одлуката се пратениците, Џафери вели дека носители на кампањата би можеле да бидат политичките партии, но и Владата, па дури и Собранието.
Премиерот Зоран Заев денеска ги повика граѓаните на Република Македонија да излезат на референдумот, распишан за 30 септември, нагласувајќи дека сега е моментот секој граѓанин на земјата да ја преземе одговорноста за иднината.
Магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола и за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи. Станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните, оцени денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Косовската Влада ја укина во целост одлуката за зголемените царини, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што информира Бектеши на прес-конференција, ова е уште една потврда за добрите односи меѓу двете земји. Одлуката треба да се спроведе од утре откако претходно косовските власти ќе испратат официјално писмо до нивните царински служби.
Д.М.