• Latest

За два месеца во Македонија инвестираа осум нови компании, во најава уште 30

February 16, 2018

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

За два месеца во Македонија инвестираа осум нови компании, во најава уште 30

February 16, 2018 07:58
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со нула потрошени пари, во Македонија за два месеца има осум нови инвестиции со над 75 милиони евра,  апро потрошените 225 милиони евра со само 23 инвестиции за седум години на претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова вчера на прес-конференција го истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и најави дека за сокоро време ќе има уште 30 нови договори за странски инвестиции.

Договори се потпишани со компаниите „Мурат виринг системс“ за инвестиција од 4,5 милиони евра со 300 вработени, „Џемдаш лајтинг Еуропа“ кој ќе инвестира четири милиони евра и ќе вработи 200 лица, „Кеслер“ два милиони евра со 80 лица, „Доган отомотив“ ќе вложи еден милион евра во кпацитет во кој ќе работат 30 лица,  „Саген“ со инвестиција од 20 милиони евра и 250 вработувања,  „Чагатај кабло“ шест милиони и 300 вработени, „ВИК“ исто така шест милиони евра со 60 вработени и „Костал“ кој ќе ги прошири своите капацитет со инвестиција од 30 милиони евра во која ќе вработи нови 350 лица.

Шест од странските компании кои се веќе присутни во земјава најавиле удвојување на своите капацитети по препознавањето на можностите што ги нуди Програмата за економски раст.

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека од вчера на ЕНЕР е ставен законот за финансиска поддршка на инвестициите, а Анѓушев нагласи дека очекува до крајот на март тој да биде донесен, по што ќе биде и официјализирана Програмата за економски раст.

За поддршка на компаниите согласно Планот за економски раст од Буџетот за 2018, Бектеши рече дека ќе бидат издвоени 50 милиони евра и дека тоа го покажале и симулациите што ги правеле кога ја носеле Програмата.

Директорот на ТИРЗ Скопје 1 Александар Младеновски рече дека Фармацевтската компанија „Саген“ со седиште во Тирана ќе инвестира повеќе од 20 милиони евра во капацитет во ТИРЗ Скопје 1 во кој планира да вработи околу 300 лица, а инвестицијата ќе биде поделена во три фази. Изведбата на производствениот капацитет ќе започне во јуни годинава.

– Разговараме и со други заинтересирани инвеститори и во следниов период очекуваме нови договори за закуп на земјиште во ТИРЗ-овите со компании од автомоблиската индустрија, но и со производители за медицинска намена и други, рече Младеновски и додаде дека наскоро ќе се презенитраат и договорите за проширување на капацитетите на веќе постојни инвеститори во ТИРЗ-овите.

Од постојните компании во ТИРЗ-овите само три од 23 нема да добијат повеќе средства со Програмата за економски раст, а тоа се компании на кои им било дозволено да не плаќаат социјално и здравствено осигурување за вработените. Кај сите останати компании државната помош ќе биде поголема од претходно.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, вчера обвини дека имало нула странски инвестиции и дека освен празни зборови на прес конференцијата на Анѓушев и Бектеши јавноста не слушнала дека отпочнала со работа макар една компанија која што тие ја довеле да инвестира во Република Македонија.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини

Tags: Кочо АнѓушевПрограма за економски растстрански инвестицииТИРЗ
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ