• Latest

За една недела на угостители изречени 18 прекршочни пријави, 31 платен налог и 54 решенија

December 3, 2020

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За една недела на угостители изречени 18 прекршочни пријави, 31 платен налог и 54 решенија

December 3, 2020 16:05
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 23 до 29 ноември годинава седумте инспекциски служби извршиле 4.080 контроли. Во овој период, Државниот пазарен инспекторат изврши 2.635 контроли и 462 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа на угостителските објекти. Притоа поднесени се 18 прекршочни пријави, 31 прекршочен платен налог и 54 решенија. Од овие 54 решенија, две решенија се донесени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и се однесуваат на два угостителски објекти од Гостивар, кои не го почитувале протоколот во делот на ограничен број на гости на маса поради што изречена им е забрана за работа и соодветна глоба за правното лице и за одговорното лице во правното лице. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет.

Во истиот овој период, ДЗСИ изврши 80 надзори, а издадени се 12.218 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид -19 и лица кои биле во контакт со заболени, а дополнително издадени се и девет решенија за констатирани неправилности.  

Од Инспецикциот совет информираат дека Државниот инспекторат за транспорт во изминатите седум дена изврши 43 надзори, при што изречени се осум прекршочни пријави, седум решенија и еден платен налог за прекршување на материјалните закони. Од извршените надзори по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести не се констатирани прекршувања на Законот и на протоколите за превоз на патници.  

Агенцијата за лекови и медицински помагала во истиот период изврши 28 надзори во аптеки по основ на почитување на мерките и издавањето на антибиотици, при што изречено е едно решение согласно Законот за лекови и медицински средства.  

Државниот инспекторат за труд, пак, спроведе 501 надзор во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на работниците. При овие надзори од страна на трудовите инспектори изречени се 26 решенија, согласно материјалните закони, а дополнително изречени се и шест платни налози заради неносење на заштитна маска за лица во работниот простор во Ресен и во Битола. 

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во периодот од 23 до 29 ноември спроведе 331 надзор. Притоа издадени се пет решенија, еден платен налог и извршени се 22 едукации поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.  

Инспекторатот за животна средина и природа во истиот период изврши 53 инспекциски надзори, од кои 10 надзори во правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи, 38 во правни субјекти кои поседуваат елаборати за животна средина и четири инспекциски надзори на нестандардни комунални депонии. Притоа издадени се 16 решенија со корективни мерки за правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани еколошки дозволи и за правни субјекти кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина. Во текот на викендот овој Инспекторат во Тетово, Куманово и во Кавадарци, во коишто градови беше надминат прагот на алармирање за загадување на воздухот, изврши 17 вонредни надзори. / МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ