„Дипломатската“ офанзива на Али Ахмети во САД и во Европа за решавање на спорот со името, за кое тој пишува во долгото писмо, испратено до Метју Нимиц, „случајно“ се совпаѓа со времето кога Груевски и неговата влада, во која учествуваа и министри од ДУИ, се обидуваа да ја свртат во првата победа на Русија врз Америка.
Токму во тоа време ВМРО, заедно со ДУИ ги реализираа проектите на антиквизација на Македонија и го имплементираа проектот „Скопје 2014“, кој чинеше близу една милијарда евра пари на граѓаните на најсиромашната држава во Европа. Проекти кои Грција со право и успешно ги искористи за вето против прифаќање на Македонија во НАТО и ЕУ.
Десет години колку што ДУИ беа на власт заедно со ВМРО, никогаш не се случило Али Ахмети да испрати дури и еден збор критика против Груевски напротив, пред некое време потенцираше дека со „господинот Груевски правел и добри работи“.
Содржината на писмото испратено на Метју Нимиц не може да се разбере поинаку, освен како груба и примитивна пропаганда за себе промоција и како школски пример за хипокризија.
Инаку, се знае дека патувањата на Али Ахмети, Груевски и неговиот министер за надворешни Никола Попоски секогаш ги нарекуваа туристички шетања.
Долгогодишните обиди на Метју Нимиц, иако заслужуваат почит, за жал, не дадоа резултат, додека Али Ахмети ги правеше „добрите работи“ со Никола Груевски, како што вели самиот.
„Добрата работа“ ја вршеше Заев и Ципрас со помошта на гласачите што ги донесоа на власт. Со Албанците кои гласаа за СДСМ и не за ДУИ, додека во Грција за Сириза на Ципрас.
Заслуга имаат и „нашите меѓународни пријатели“ од САД и ЕУ кои го натераа Али Ахмети да се отцепи од Груевски со кого ја заробија и ја украдоа државата.
Али Ахмети предупреди дека во декември 2013 година авионите со политичари од Европа и САД ќе чекаат на ред над аеродромот на Скопје, за да дојдат на посета на Македонија. Вистината е дека ниеден авион не слета.
Не помина многу време и „сите наши меѓународни пријатели“ – соговорници на Али Ахмети од извештајот на Рајнхард Прибе и екипата во која учествуваа и познати експертии за борба против мафијата, се информираа за „добро завршени работи“ на Али Ахмети со Груевски.
Од гореспоменатото писмо интересно е да одделиме неколку интересни делови:
Еден „голем пријател“ им порача на функционери од САД да го чујат Али затоа што тој има една голема мака, бидејќи го фатил патот за да дојде дури тука, или „јас на ова патување се водев од мојата преродбеничка заложба со припадност кон западот“, „за да го тргнам овој камен од нашите гради, ова јаже стегнато на врат“, „им изразувам благодарност и на генералните секретари на ОН низ годините за нивната заложба и придонес за овој процес“, „дојде денот, драг Мет, да ти кажам дека ова се заврши“, „еве каде сме денес“, „мој драг пријателе, и оваа работа бидна“, „но, има сѐ уште работа“ (!)
За потенцирање е, на крајот, дека Али Ахмети за време на посетите, како што самиот вели, во Конгресот на САД, Стејт Департментот, Пентагон, Владата, мисиите на некои држави членки на Советот за Безбедност, во ниеден случај не споменаа име или презиме, на било која личност.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.
Фото: Виктор Поповски/kolektif.mk