ЦИВИЛ денеска со полна брзина по „автопатот“ на фактите наспроти беспаќето на опасните дезинформации. ЦИВИЛ за денеска покани по еден човек на владата, армијата, медиумите и невладиниот сектор да дебатираат за опасните дезинформации и хибридните напади во 11:00 часот.
Седница на собраниската Комисија за надворешна политика во 15:00 часот.
Премиерот Зоран Заев, генералниот директор на „АД ЕСМ“, Васко Ковачевски, сопственикот на „Фортис енержи електрик“ од Турција, Атилла Учкардеш и управителот на фирмата „ОСМ Солар-Скопје“, Константин Василев Ненов ќе се обратат на потпишувањето на договорите за изградба на фотонапонска електрана по принцип на јавно-приватно партнерство во Осломеј од 100 мегавати во 11:00 часот.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во тридневна службена посета на Швајцарската Конфередерација.
Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) почнува со организирање на серија на јавнидебати насловени „Што сакаат младите? во 11:00 часот.
Тимот на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“ организира вебинар со наслов: „Борба против дезинформации за Ковид-19“ во 15:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.