ЦИВИЛ организира работилница во Велес на тема „Учество во креирање политики, јакнење на јавната свеста и промоција на европските вредности, мултикултурализмот и недискриминацијата на локално ниво“ што ќе се одржи на 22 јуни (вторник), со почеток од 13 часот, во општинската сала.
Во 12:00 часот ќе се одржи седница на собраниската Комисија за финасирање и буџет.
Прес-конференција на Сојузот на средношколци во 11:00 часот.
Изјави на градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абусамед Шабани во 12:00 часот.
Прес-конференцијата на Алијанса за Албанците во 12:00 часот.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени предвид за објавување.