На пленарната седница на Собранието, закажана за 29 јануари, (следниот понеделник) пратениците повторно треба да гласаат за Законот за употреба на јазици, откако претходно претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, не го потпиша указот за овој закон.
Сопред Иванов овој закон е неуставен. Во образложението напишано на 14 страници, кое им е доставено на пратениците, се наведени сите делови, членови и ставови од Законот за употреба на јазиците.
Предлог-законот за употреба на јазиците беше изгласан на 11 јануари и содржи 25 члена. Ако следната недела биде изгласан и вторпат, без измени, претседателот нема право на вето.
Д.М.