• Latest

За Шкариќ, Лазарова-Трајковска и Цаца Николовска не постоел правен основ за аболицијата на Иванов, дали Стразбур утре ќе го потврди ова?

February 15, 2023

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

За Шкариќ, Лазарова-Трајковска и Цаца Николовска не постоел правен основ за аболицијата на Иванов, дали Стразбур утре ќе го потврди ова?

February 15, 2023 14:10
in АНАЛИЗИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБИША АРСИЌ

Европскиот суд за човекови права во Стразбур утре изутрина ќе ја објави одлуката во врска со аболицијата што поранешниот претседател Ѓорге Иванов ја даде на поранешни функционери и на други македонски граѓани, а кои кривично ги гонеше Специјално јавно обвинителство (СЈО). Денеска сите погледи на домашните правосудни институции се вперени кон судот во Стразбур поттикнати од неизвесниоста каква одлука ќе биде донесена.

Со аболицијата од април 2016 година Иванов опфати 56 лица осомничени во поголем број предмети кои беа под ингеренции на СЈО. Таквата правна авантура на екс преетседателот предизвика јавни реакции, но голем број граѓани излегоа и на улични протести. На крајот, целиот притисок на јавноста и на правната фела резултираше со измени во Законот за помилување за да му се отвори простор на Иванов за повлекување на аболициите.

Аматерска фотографија од протестите на Шарената револуција

Еднаш дадена аболиција не се повлекува или немало законска основа за неа

Европскиот суд за човекови права има две опции, да застане зад аболицијата, односно да потврди дека еднаш дадената аболиција не смеела да биде повлечена и со тоа голем број од кривичните предмети да завршат во судските архиви, а дел од лицата да бидат ослободени од одговорност, или, како втора опција, судот во Стразбур да ја потврди верзијата на Владата, дека Иванов не ни имал правна можност да даде аболиција, затоа што таквата опција не постоела во закон. Токму околу овие две тези се спротивставуваа правните дилеми во 2016 година кога аболицијата беше медиумски актуелна.

Затоа дел од поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ покренаа постапки во судот во Стразбур, а нивните адвокати аболицијата ја користеа и како правен аргумент пред домашните судови на стартот од судските процеси за предметите на СЈО, но таквиот обид наидуваше на отпор кај судиите и аболицијата никогаш не беше причина за запирање на некое од судењата. Напротив, дел од процесите се завршени со затворски казни, некои се уште се актуелни низ судниците.

Апликациите во Стразбур се испраќаа во текот на 2017 и 2018 година, а на списокот се наведени Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Сашо Мијалков, Кирил Божиновски и редица други кои, изминативе години, својата слобода ја очекуваат во одлуката на Европскиот суд.

Фамозниот член 11

Аболицијата на Иванов предизвика полемики во јавноста и поделеност  меѓу правниците. Иванов аболицијата ја потпиша според членот 11 од Законот за помилување, член кој тогаш воопшто не беше дел од легислативата за да може да се користи. Таа законска одредба беше донесена во 1993 година, но во 2009-тата, откако тогашниот претседател Бранко Црвенковски ја искористи за аболицирање на сопартиецот Зоран Заев, власта на ВМРО ДПМНЕ го избриша тој член од законот со оправдување во иднина да не се злоупотребува оваа одредба.

Така, во 2016 година, Иванов имаше реална пречка како да аболицира лица опфатени во предметите на СЈО, затоа што членот 11 не постоеше. Но, за да може да ја протне аболицијата на мала врата, непосредно пред да ја објави, Уставниот суд, тогаш, по се изгледа, под силно влијание на ВМРО ДПМНЕ одлучи во експресна постапка да ги укине измените во Законот за помилување направени во 2009 година. Сепак, и покрај таквиот преседан на Уставниот суд, Иванов немаше можност да ја спроведе аболицијата, затоа што, коментираа правниците, тоа што уставните судии застанале против измените од 2009-та не значи дека членот 11 од 1993 година е вратен во сила и дека може да се применува.

Професорот по Уставно право, Светомир Шкариќ, смета дека аболицијата е ништовна.

– Помилувањата на претседателот Иванов се ништовни и како такви не произведуваат правни последици кон никого бидејќи се засновани на непостоечка законска норма. Како управни акти лебдат во воздух, без основа во Законот за помилување како lex specialis. Тие се виртуелни што никого не обврзуваат ниту сега ниту во иднина – анализираше Шкариќ.

Дали овој аргумент го имал судот во Старзбур при носењето одлука ќе се знае утре. Простата логика вели дека Иванов не смеел да ја даде аболицијата оти немал како, но кога веќе ја дал, а притиснати од гласната граѓанска и правна јавност, пратениците во парлементот измислија член 11-а, кој предвидуваше дека претседателот во рок од 30 дена смее да ја повлече аболицијата. Иванов така и направи.

Добрите познавачи против аболицијата

– Се случи парадокс. Власта што ја укина аболицијата, одново пројави желба да ја врати на сила, за да може да се заштити од кривична одговорност. Во враќањето на нешто што не може да се врати, на нечесен начин се вклучија и Уставниот суд и Собранието, како еден тим заедно со претседателот Иванов. Уставниот суд се обиде да создаде привид дека ја оживува избришаната норма, а Собранието тоа да го санкционира на еден перфиден начин – преку калемење на нов член врз мртва подлога. На тој начин, оддалечувајќи се од правото, помилувањата станаа инструменти на политичка моќ, а не инструменти за корекција на правдата – беше ставот на професорот Шкариќ.

За тогашната судијка во Европскиот суд за човекови права, Мирјана Лазарова-Трајковска одлуката за општата аболиција на 56 лица од страна на претседателот Ѓорге Иванов е невообичаена, бидејќи покрива голем број луѓе и е многу генерализирана. Таа за медиумите нагласуваше дека аболицијата е своевиден удар врз и онака разнишаниот правен систем. На иста релација е и ставот на другата судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска, која за медиумите го коментираше целиот овој процес.

– Прво беше донесена одлука за аболиција, а потоа претседателот реши да ја повлече. Претседателот не може арбитрерно да се однесува. Компаративната практика не познава вакви примери. Ова го отвора и прашањето како мнозинството во парламентот носи вакви законски измени и тоа по скратена постапка, без каква било дискусија. Во прашање е доведена и законитоста, бидејќи аболицијата е спроведена врз основа на укинатиот член 11, кој не е и не може да биде во правен промет – беше ставот на Николовска. Сега на потег е Европскиот суд за човекови права, дали ваквите правни толкувања на искусните и значајните правници во Македонија, ќе влијаат врз неговата одлука.

Извор: Рацин.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: аболицијапоранешни функционериправен основСудот во Стразбур
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ