• Latest

За успешна борба против корупцијата, потребен е личен пример и конкретни резултати

December 9, 2020
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
Последиците од нападот со руски дрон врз Днипро, доцна на 16 април 2025 година. Фото: Борис Филатов/Телеграм

Милиони Украинци се соочуваат со темнина и студ по еден од најголемите руски напади врз енергетската инфраструктура

November 11, 2025

Европарламентот ја поддржа целта за намалување на штетните емисии за 90 отсто до 2040 година

November 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Се подготвува нова разузнавачка единица во ЕУ под водство на Урсула фон дер Лајен

November 11, 2025
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

За успешна борба против корупцијата, потребен е личен пример и конкретни резултати

December 9, 2020 14:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Корупцијата ја урива правната држава, ги слабее институциите и ја загрозуваа демократијата како темелна вредност создавајќи недоверба меѓу граѓаните. Пандемијата во неколку месеци ни ги покажа сите институционални недостатоци, за кои што делумно корупцијата е значен фактор и затоа треба да се работи на човечкиот капацитет и јакнење на ресуристе во борбата против корупцијата.

Освен преку личен пример и смело, одговорно и професионално однесување за враќање на јавната доверба во државата, системот, треба да покажеме опипливи резултати во борбата и да го зголемиме бројот и досието со конечни пресуди за случаи на корупцијата на високо ниво, вклучително и со конфискација на имот стекнат на криминален начин.

Ова беше порачано на одбележувањето на 9 Декември – Меѓународниот ден за борба против корупцијата, настан во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, порача дека едноставен одговор на најтешкото прашање „како против корупцијата“ е со личен пример и за да ја добиеме оваа борба, треба секој човек да извојува лична борба сам со себе, што ќе му овозможи на поединецот да се потпре на себе, на своите лични можности и капацитети и да живее без очекувања, туѓи заслуги и без привилегии.

Разбудената свест кај поединецот, порача таа, може да ја разбуди свеста кај нацијата.

– Секое смело, одговорно и професионално однесување на граѓаните значи спротивставување на корупцијата. Никогаш не е доцна да се спротивставиме на незаконските дејствија на поединци и институции, но и на оние законски решенија, кои предизвикуваат разорувачки ефекти за општеството, рече Ивановска.

За неполни две години од работата на актуелниот состав на ДКСК, посочи Ивановска, донесени со одлуки по вкупно 713 предмети, од кои 373 одлуки од областа на корупцијата, 156 од областа судир на интереси, 70 за непочитување законски одредби за време на изборен процес и 113 за проверка на имот на функцонери.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, во своето обраќање порача дека секој поединец, постапка или одлука што не е во рамки на законот, колку и да изгледа небитна во целиот систем, го почнува кругот што потоа се шири се повеќе и повеќе и зафаќа повеќе сегменти, лица и инстиутуции и создава волшебен круг од кој тешко се излегува.

– Затоа да бидеме сите свесни и совесни, транспарентни и отчетни. Секој во својот делокруг на делување. Само така ќе можеме да го залечиме и оздравиме заболеното ткиво, порача Мисовски.

Тоа не е брз процес, но ги имаме сите предуслови за тоа, рече Мисовски, посочувајќи на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и генерално зајакнување на правната и институционална антикорупциска рамка. Исто така, ја поздрави и стратегијата на ДКСК и акцискиот план, за кој оцени дека е одличен патоказ за сите инситуции до каде се и каде треба да се движат.

Предвремените избори, пандемијата и здравствените препораки, посочи Мисовски, го забавија работењето на Собранието, но изрази уверување дека тоа ќе продолжи со исполнување на нормите и стандарди за подобар живот, почитување на правата и слободите и овозможување на фер и еднакви конкурентски услови за сите.

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, порача дека Владата со ставање акецент на оваа тема отвора широк фронт во борбата против корупцијата и има силна политичка волја преку конкретни резултати за справување со оваа појава.

– Оваа битка ќе трае многу. Волјата да создадеме функционален систем во интерес на сите граѓани, систем кој постојано и без разно влијание на било какви лоби групи ќе генерира и испорачува правда, правна држава, ред и функционирање на поредокот, изјави Николовски.

Во целиот процес, порача тој, важни се сите, од надлежните институции, медиумите, судството, експертската јавност, приватниот сектор, јавноста и сите граѓани.

– Ни треба систем кој чесните и заслужните ќе го наградува, а нема да ги казнува. Корупцијата и политичките злоупотреби се најголемите непријатели на сите граѓани, на институциите, но и на чесните политичар. Го оштетуваат буџетот, ја урива правната држава, ги слабеат институциите и ја загрозуваат демократијата како темелна вредност создавајќи недоверба меѓу граѓаните, изјави Николвски.

Корупцијата секогаш треба да се гони, но порача Николвски, треба и да се превенира и затоа ќе работиме и на кампањи за превенција и едукација.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, пак, потенцираше дека корупцијата претставува една од најстрашните болести на општеството и секаде во светот директно го загрозува јавното добро и влијае на квалитетот на образованието, здравството, правдата и ги демотивира граѓаните да бидат активни чинители во општеството.

– Интегритетот или нашата конзистентност за тоа колку сме чесни е најсилно оружје против корупцијата, заедно со системот на борба против корупцијата. Проблемот многу пати е дисктуиран, но свесноста за постоењето на проблемот не е доволен за тој да биде решен. Покрај закони и спроведување на истите, потребно е промена и на однесувањето и навиките, пред се на оние кои носат одлуки и работат за граѓаните на сите нивоа, изјави Маричиќ.

Како систем и како држава, нагласи тој, од нас се очекува да покажеме опипливи резултати во борбата и да го зголемиме бројот и досието со конечни пресуди за случаи на корупцијата на високо ниво, вклучително и со конфискација на имот стекнат на криминален начин.

Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, укажа дека корупцијата е предизвик со кој се соочуваат сите држави во светот, што го поткопува владеењето на правото и ја продлабочува нееднаквоста на граѓаните.

– Затоа постоењето ефикасни домашни институции и механизми за борба против корупцијата се клучни во процесот на пристапување и се дел од т.н. фундаменти, односно прашања што се оцененуваат во секоја фаза од пристапниот процес и се клучни во преговорите, изјави Гир.

Претставникот на платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, Миша Поповиќ, забалежа дека пандемијата во неколку месеци ни ги покажа сите институционални недостатоци, за кои што делумно корупцијата е значен фактор.

– Најзначајниот случај што ја отсликува корупцијата во државата е случајот со дивоградбата кај Мавровка, каде имаше неколку месечно бегање и префрлање на одговорност на низа институции, кои што всушност чекаа да се формира влада, за да веднаш се дознае кој е тој што има надлежност да ја урне дивоградбата. Таа состојба, во која институциите чекаат на политичката волја за борба против корупцијата е најпоразителниот факт и оценка до каде сме со борбата против корупцијата, изјави Поповиќ.

Во рамки на настанот предвидена е и онлајн дискусија на која, како што е најавено, се очекува да се вклучат и претставници на законодавната, извршната и судската власт, од меѓународните организации, локалната самоуправа, невладиниот и приватниот сектор. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ