• Latest

За заблудите во дискусијата за историјата на модерните народи и држави на Балканот

October 2, 2019
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

СЗО: Здравствената катастрофа во Газа ќе трае со генерации

October 22, 2025
Креирано со помош на ВИ

Руското влијание врз локалните избори 2025: Про-руски партии, финансиери блиски до Москва, руска пропаганда во медиумите

October 22, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

За заблудите во дискусијата за историјата на модерните народи и држави на Балканот

Народите и државите во денешна смисла на зборот се производ на периодот во светската историја што следуваше по Француската револуција од 1789, и смртта на феудализмот како концепт за државно (и економско) уредување.

October 2, 2019 23:48
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Гледајќи некои ненаучни стојалишта кои постојано се повторуваат во јавноста, не само кај нас, сметам дека наспроти нив, појдовна точка на нашите дебати за модерните држави, народи, за нивното создавање, државност итн. треба да бидат неколку неоспорни работи и факти, кои ги потврдуваат и науката и логиката, за процеси низ кои поминале сите модерни народи и држави:

– Народите и државите во денешна смисла на зборот се производ на периодот во светската историја што следуваше по Француската револуција од 1789, и смртта на феудализмот како концепт за државно (и економско) уредување.

– Тој бран во нашиот дел од Европа дојде малку подоцна, но го одбележа речиси целиот 19 век и почетокот на 20 век кај сите балкански народи. Сите имаа преродбенички и револуционерни движења, и процеси на национално освестување, создавање на националните митови (и заблуди) итн.

– Некои порано, некои подоцна, главно низ многу војни, крв и солзи, ја извојуваа својата слобода и државност. Македонците најдоцна на Балканот добија своја држава, дури со АСНОМ 1944. Албанците конституирале држава малку порано, во 1912, Хрватите и Словенците биле признаени за конститутивни народи во СХС во 1918, Србите, Бугарите, Грците направиле самостојни држави порано во 19 век…

– Затоа, да се зборува за такви држави и народи во поранешни историски периоди, во средниот век или во Антиката – е ненаучно и сосем погрешно! Иако, многу национални митови и историите кај сите балкански народи почиваат токму на вакви, ненаучни приказни, и барање на „етнички“ корени во средновековните или античките држави.

– Наместо тоа, добро да се истакне дека претходно, на Балканот кој секогаш бил етнички прилично измешан, државите се граделе поинаку, многу брзо пропаѓале едни и се создавале нови, а сврзно ткиво или доминантен елемент на империите што подолго опстојувале биле религијата (рецидиви на теократија има во многу денешни балкански држави), а претходно во антиката државите се граделе со доминација на племенската припадност и племенските сојузи. Етничката припадност и националните митови се јавуваат како и кај сите народи во светот многу подоцна, главно во 19 век.

– Но, истовремено, да се вели дека Македонците постојат од 1944, или дека Албанците постојат од 1912, или дека Србите постојат од кога добиле автономија од Отоманската империја после востанијата во 19 век, Грците од 1821…е исто многу погрешно и ненаучно.

Сите овие народи имале историја и процес низ кој поминале, додека не созреала свеста и не се создале историски услови за нивните модерни држави. Негирањето на таа борба и историја, на стремежот за самостојност на било кој балкански народ не носи никому добро. А тоа, за жал, често си го прават балканските народи едни на други.

Print Friendly, PDF & Email
Share109Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    181 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ