• Latest

Заем од Светска банка во висина од 26,2 милиони евра за олеснување на трговијата и транспортот

February 19, 2019

Последен ден за поднесување кандидатури за градоначалници и членови на совет до Општинските изборни комисии

September 13, 2025

Ројтерс: НАТО ќе ја зајакне одбраната на источниот брег на Европа откако Полска собори беспилотни летала

September 13, 2025

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заем од Светска банка во висина од 26,2 милиони евра за олеснување на трговијата и транспортот

February 19, 2019 10:37
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За да се намалат трошоците за трговија и да се зголеми ефикасноста на транспортот, Министерството за финансии во име на Владата ќе склучи договор за заем со Светска банка во износ од 26,2 милиони евра. Договорот ќе биде потпишан по донесувањето на Закон за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, кој што е во собраниска процедура. 

Проектот се состои од четири компоненти. Првата, „Олеснување на движењето на стоките и услугите низ Западен Балкан“, ќе обезбеди поддршка за дизајнирање, развивање и спроведување на Национално едношалтерско решение, модернизација на царината и другите институции кои учествуваат во управувањето со границите, за да се подобри нивната меѓуинституционална координација, и да се намали времето потребно за чекање на стоките. Со оваа компонента ќе се обезбеди поддршка за подобрување на физичките капацитети и работните услови на граничните премини Ќафасан и Деве Баир со цел олеснување на протокот на стоки преку границите.

Со втората компонента „Подобрување на транспортната ефикасност и предвидливост“, ќе се поддржи развој на Интелигентен транспортен систем-ИТС на дел од Коридор 10, преку набавка и инсталирање на опрема, како и обезбедување на техничка помош за поддршка на подготовката на законските прописи за системот за интелигентен транспорт во согласност со соодветните директиви на Европска унија.

Третата компонента „Подобрување на пристапот до пазарот за трговијата и инвестициите“, предвидува поддршка преку техничка помош за спроведување на регулаторни и институционални реформи за усогласување со конкретните обврски на нашата земја во рамките на дополнителните протоколи 5 и 6 од Договорот за слободна трговија на Централна Европа (ЦЕФТА) и повеќегодишниот акционен план за регионалната економска зона во Западен Балкан.

Во рамки на четвртата компонента „Поддршка за спроведување на проектот“, ќе се овозможи поддршка на единицата за имплементација на проектот, вклучувајќи координација на политики и мониторинг и евалуација на проекти, како и спроведување на јавни консултации помеѓу повеќе чинители и анкети.

Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан е од регионален карактер и во првична фаза, покрај нашата земја, ќе ги вклучи и Србија и Албанија, а понатаму ќе се приклучат Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Основната цел на Проектот е промоција на подлабока економска интеграција во рамки на регионот, намалување на трошоците за трговија и зголемување на ефикасноста на транспортот во Република Северна Македонија.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ