• Latest

Заев: Да покажеме одговорно однесување и да придонесеме кон пописот како државничка одговорност

January 29, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Да покажеме одговорно однесување и да придонесеме кон пописот како државничка одговорност

January 29, 2021 13:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПОПИС
Share on FacebookShare on Twitter

На средбата на Државниот завод за статистика со градоначалниците во врска со пописот, свое обраќање имаше и премиерот Зоран Заев. Заев ги повика градоначалниците да се вклучат во сите аспекти на пописот и да помогнат да се спроведе 100% успешна статистичка операција.

„Инсистирам на терминот „статистичка операција“ затоа што со законските решенија пописот ќе се реализира исклучиво како статистичка операција согласно стандардите на Обединетите Нации и Евростат, односно според врвните глобални и европски стандарди и практики –за никогаш повеќе да не се третира како политичко прашање.

Пред нас стои големата задача да го поддржиме спроведувањето на пописот на населението, на домаќинствата и на живеалиштата, кој ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата. Со неговото успешно спроведување конечно ќе ги исправиме и последиците заради кои ги има предизвикано огромната недозволива пауза од 20 години од последниот релевантен попис.

И кога зборуваме за ризиците и за заканите кои се уште го демнат пописот, тука, уште на почетокот од ова мое обраќање до вас, сакам да ја адресирам најавата за нова неодговорна постапка на опозицијата, односно најавата за бојкот на пописот од страна на опозицијата.

Сметам дека тоа е најлошата одлука што може да ја донесе некој политички субјект бидејќи, освен што е правно недозволив, бојкотот носи само конфузија меѓу граѓаните, сериозна штета за државата и ништо добро, ништо позитивно.

Повикот за бојкот. Без разлика дали е лажно спакуван како повик за неучество или повик за минирање на најважната статистичка операција за земјата, е неодговорно однесување и отсуство на елементарна свест дека со неспроведувањето на пописот стануваме единствена земја којашто нема да може да планира каков било развој од економски, образовен, културен аспект.

Таквиот став е свесно туркање на земјата во провалија и закана дека ќе останеме црна дупка во светот како изолирана земја која што не поседува податоци за да може да ги испланира следните 5, 10, 50 или 100 години од сопствената иднина. Кому му одговара да имаме иднина планирана врз погрешни податоци стари повеќе од 20 години? Кому му одговара да имаме промашени планови за развој? Никој не сака таква земја за партнер. Ниту еден инвеститор нема да покаже интерес да инвестира кога ќе види дека земјата ги нема основните статистички податоци за нејзините ресурси за официјалната работна сила, за  пазарот, за потрошувачките навики.

Оттаму, тука сме пред вас, за да укажеме колку е важно државата и сите нејзини институции и чинители на централно и локално ниво, да дадат поддршка на Државниот завод за статистика, за успешно да ја спроведе стратегиски важната статистичката операција – Попис 2021.

На нашата држава ѝ требаат како неопходни сите податоци што ќе се добијат од пописот.

Пописот не е само операција која треба да даде слика за етничката состојба во земјата, туку опфаќа многу сегменти, факти, податоци, бази од кои може да се согледаат развојот, стагнацијата или уназадувањето на едно општество.

Пописот на граѓани, домаќинства и живеалишта е од клучно значење за секој сегмент од животот на граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на народот – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки.

Важно е да се утврди точниот број на населението во земјата, не само вкупниот, туку и во секој плански регион, во секоја општина, населба… но исто толку важно е и да ја добиеме целосната слика по сите основи – на која возраст ни е населението, со какво образование, со какви квалификации, местото на живеење. Или на пример кога се во прашање домаќинствата, живелиштата, становите – пописот ќе ни даде одговор колку од зградите во кои живееме се енергетско-ефикасни, дали имаат пристап за лица со попреченост, колку од домаќинствата се греат на дрва, колку на струја, колку на парно…

Ова се, почитувани, податоци кои живот значат.

Податоците од пописот се од огромно значење и за локалните власти. Тие се суштински кога станува збор за планирање на развојот на заедницата, бројот на учениците визави образовните капацитети, бројот на деца од претшколска возраст наспроти градинките како установи за згрижување на децата.

Од значење за општините се и податоците за структурата на постоечките индустриски капацитети, но уште повеќе на потенцијалите за развој на овие капацитети кои исто така можат да се идентификуваат од статистичките податоци.

Податоците од пописот ги откриваат и можностите на општините за развој на локалните пазари, туристичките потенцијали.

Не случајно минатата година Европскиот ден на статистиката се одбележа под мотото „Подобри податоци, подобар живот“.

Да не заборавиме дека пописот е и наша обврска како држава кандидат за членство во ЕУ, бидејќи поглавјето статистика е едно од поглавјата од првиот кластер во преговорите и затоа во април треба сите да дадеме придонес ова прашање успешно да го затвориме.

Сите да покажеме одговорно однесување и да придонесеме кон пописот како државничка одговорност – сите ние кои сме на лидерските позиции во општеството на централно или на локално ниво, за да може придобивките од статистичките показатели да му се вратат на народот со успешни политики.

Со учеството во пописот секој граѓанин ќе да даде свој личен придонес кон подобра иднина за сите нас. Тоа е наше задолжение, наша обврска кон државата, кон нас самите и кон нашите деца.

Почитувани градоначалници, ве охрабрувам и ве повикувам да се вклучите во сите аспекти на пописот, да помогнете колку можете повеќе, да спроведеме 100% успешна статистичка операција – Државниот завод за статистика ги има сите професионални и стручни капацитети, се што е потребно е да ги следиме нивните насоки, да дадеме максимум поддршка и на крајот да имаме заеднички резултат – успешен Попис 2021“, изјави Заев.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ